Сеопфатни услуги за успешен бизнис
Центар за управување со недвижности, деловни услуги и развивање на градежни проекти
За снабдување, поврзување, развој.
Денес во бизнис светот потребно е постојано приспособување кон новитетите на пазарот како и потрага по подобри решенија. Богатото искуство и знаење им овозможуваат на Ера Групацијата и на нашите партнери нови бизнис решенија, технолошки можности и важна предност во конкуренцијата.
Ера Сити, како модерна бизнис компанија, нуди бизнис капацитети и менаџмент со магацински простории, изнајмување на саемски и други објекти, проектирање, проекти за менаџмент на развој, ИКТ проекти, организирање на саемски, концертни и конгресни манифестации.
Нашиот развој во иднина ќе вклучува домашни и странски партнери, кои ќе ги надополнат нашите деловни услуги (решенија, документирање, консалтинг, проектирање, инженеринг, инфраструктура, инсталации, ИКТ, инвестицион менаџмент) и проширување на бизнис капацитетите. Проектот "Град во град" (160.000 m² на дополнителна површина на Скопски саем), ќе понуди два нови деловни објекти, два трговски центри, нови гаражи, енергетска станица и бензиска пумпа.
Ера Сити Топ услугите вклучуваат сеопфатни решенија кои Ви гарантираат повисока вредност на активностите на Вашата компанија, оптимизација на времето, пониски трошоци и поефикасна работа.
Направете ја вистинската одлука и изберете некое од нашите современи решенија.