
ЕРА Групација e современа меѓународна бизнис корпорација која низ развој на деловни центри гради единствена мрежа на стопански мостови. Развојните инвестиции и синергијата на луѓето, просторот и бизнисот се претприемничката стратегија на ЕРА Групацијата, со единствена цел – успехот да стане деловна стварност. Централата на ЕРА Групацијата е во Велење, Република Словенија.
Деловното ангажирање на ЕРА Агрина, како фирма на ЕРА Групацијата, за пазарите на Македонија, Косово и на Албанија, е насочено кон ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА, СТОЧНАТА ХРАНА И ДОДАТОЦИТЕ, како и кон ТРЕНИНГ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО.
Експертскиот тим на ЕРА Агрина активно се вклучува и помага во имплементацијата на HACCP, ISO 9001:2008, ISO 14001:2005 GlobalGap, изработката на инвестициони и бизнис планови за аплицирање во Програмата за рурален развој во Македонија. Во примарното земјоделство, тимот на ЕРА Агрина ја пренесува добрата земјоделска практика и стручното следење, по примерот на Словенија, во користењето на средствата од ИПАРД фондовите.
Целта на експертскиот тим на ЕРА Агрина е преку менаџирање, финансирање и услуги, да ги создаде сите предуслови за проектно и деловно поврзување со регионалниот и глобалниот пазар, како и создавање на структуриран, одржлив развој на земјоделскиот сектор.