КОНЗOРСКИУМСКИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ
Во Скопје, втора година по ред се одржуваат Конзорциумски магистерски студии по менаџмент. Тоа се првите студии кои се одржуваат во Република Македонија и регионот организирани од страна на државниот Универзитет од Република Словенија.
Конзорциумските магистарски студии (КМС) се специјализирани постдипломски студии во овој дел на Европа. Нивната основна карактеристика е здружување на компании / банки во конзорциум, со цел да склучат партнерство со Економски факултет при Универзитетот во Љубљана и да оформат група на стручни соработници за време на двегодишни магистарски студии. На тој начин претпријатијата и банките интензивно учат едни од други. Цел на студиите е да им се овозможи на претпријатијата/банките и на поединците истовремено придобивање на современо менаџерско знаење, така што, со зголемување на нивните способности би се постигнало ефикасно остварување на стратешките деловни и лични цели.
Студиите имаат два смера: финансии и маркетинг.
Постдипломските студии траат две години и секој модул трае два до три месеци. КМС се организирани на начин кој на студентите им овозможува да бидат присутни на своите работни места во поголемиот дел од работната недела и во исто време директно да го имплементираат стекнатото знаење.
По завршување на студиумот студентите се здобиваат со диплома магистар по економски науки, која е акредитирана од Министерството за Образование на Република Македонија и која е призната во Европа.
КМС во Македонија ќе се изведува под организациско водство на CISEF (Центар за менаџмент, развој и тренинг при Економскиот факултет во Љубљана). Студиите во Македонија се одвиваат во Мулти бизнис центарот на Скопски саем, кој е регионален организатор.
Студиите се изведувани од професори од Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, гости професори од економски факултети од странство и локални експерти од Македонија. Во предавањата се вкулучени и гости - предавачи од деловната и банкарска сфера во Македонија. Водач на програмата на стидиите е проф. д-р Јанез Прашникар од Економски факултет од Љубљана.
Првата генерација ја сочинуваат 15 студенти, од кои 11 се од Македонија и 4 од Косово.
Инвестирање во конзорциумските постдипломски студии во Република Словенија претставува редовна пракса меѓу претпријатијата. Доказ за тоа е постојаното учество на компании како ГОРЕЊЕ, КОЛЕКТОР, ИСКРА со свои студенти/вработени во ваков вид на конзорциум. Ова го потврдува и фактот дека инвестирањето во образование на вработените е еден од најважните елементи за да се биде најдобар на пазарот.
Инфо Брошура 2010 ( 3,61 MB )
  ГАЛЕРИЈА ОД СТУДИИТЕ