Времетраење:18.10.2016 - 22.10.2016
Транспортот, логистиката и соодветната инфраструктура претставуваат еден од клучните фактори за развој на трговската размена на една земја, а со тоа и поттикнување на економскиот развој и поврзување со светските економски текови. Во таа насока, се наметна потребата од организирање на саемот ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА.
Саемот ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2016 како специјализирана саемска манифестација на фирмите од овој сектор нуди единствена можност за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност.
Саемот за ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2016 нуди единствена можност за:
- согледување на состојбите во транспортно-логистичкиот сектор
- кои се предизвиците со кои се соочува оваа индустрија
- во која насока се движат пазарните трендови
- местото на македонската логистика во меѓународни рамки
КОНЦЕПТ НА САЕМОТ:
- изложбено-комерцијално претставување на компаниите
- организирани билатерални средби со учесниците
- индивидуални презентации на компаниите-учесници на саемот
ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА 2016
- Професионална манифестација наменета за деловна публика
- Квалитетна и компаративна понуда на едно место
- Директен контакт со потенцијални клиенти
- Зголемување на директната продажба и можностите за продажба
- Откривање на нови можности во транспортно-логистичкиот сектор
- Средби и собирање искуства од водечките логистички компании