МЕБЕЛ 2013
39. Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустрија на мебел
Рок за пријавување: 20.12.2012
Времетраење:26.03.2013 - 31.03.2013

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој оваа година го одбележува 39-то издание е водечки настан во модерниот и класичниот мебел и дизајн. Над 50.000 заинтересирани посетители ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учеството на повеќе од 400 домашни и интернационални изложувачи го прават овој саем возбудливо, освежувачко и забавно дружење.
Меѓународниот саем МЕБЕЛ стана прпознатлив бренд во оваа индустрија и се стекна со статусот како еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.
Оваа специјализирана изложбено комерцијална саемска манифестација со својата деловност и презентација на производи, стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко, што претставува вистинска потврда во настојувањето на Скопски саем за поставување на стопански мост меѓу Македонија и регионот.
МЕБЕЛ, како еден од најатрактивните манифестации кај нас е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите интересни и оригинални ентериерни уреувања кои покрај мебел за домот, го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за преработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.
Со Вашето презентирање на МЕБЕЛ 2013, преку инвентивните и убаво уредените штандови, на едно место ја обединуваме понудата на трендовскиот дизајн и стил во индустријата за мебел, актуелните бои и најновите линии во уредувањето и на внатрешниот и на надворешниот простор, при што Вашата компанија ќе се презентира во најдобро можно светло пред многубројната публика.
МЕБЕЛ 2013 е вистинското место за откривање на нови идеи и привлекување на нови потрошувачи, а нови потрошувачи значат и нови можности за сите изложувачи. Овде, на саемот МЕБЕЛ, посетителите ќе можат да ги најдат Вашите производи и Вашите брендови.
Општи показатели за Мебел 2012:
- 50.000 посетители
- 130 директни изложувачи
- 270 индиректни изложувачи
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ