САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
28-миот, по ред Саем на книгата 2016 несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.
Читателите, традиционално, ќе може да го следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.
Читајќи книга овозможете си луксуз на душата....
Времетраење : 12.04.2016 - 18.04.2016
Контакти:
Сања Кондарко - проект манаџер
T: +389 (0)2 3218 314 M: +389 (0)70 383 605
E: