ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   








   

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА ITF-AGROFOOD 2010

60. Meѓунaрoдeн сaeм нa хрaнa, пиjaлoци и стoки зa ширoкa пoтрoшувaчкa
60. Meѓунaрoдeн сaeм нa мaшини, oпрeмa, aмбaлaжирaњe и внaтрeшeн трaнспoрт
51. Meѓунaрoдeн сaeм нa тутун и мaшини
38. Meѓунaрoдeн aгрoиндустриски сaeм
19. Meѓунaрoднa излoжбa нa винo и jaки aлкoхoлни пиjaлoци
Национални претставувања



Времетраење : 09.11.2010 - 13.11.2010

Контакти:

Магдалена Хамбова – проект менаџер
T: +389 (0)2 3218 350   M: +389 (0)70 363 511
E:

Игор Димитријевиќ - комерцијалист
T: +389 (0)2 3218 313   M: +389 (0)70 306 498
E:

Рада Спасовска - архитект
T: +389 (0)2 3218 311   M: +389 (0)70 392 969
E:

images/EditorImages/Skopje_Fair/Mixed_InText/International Skopje Trade Fair on Consumer Good

Во пресрет на годинешното јубилејно 60. издание на нашата најстара Меѓународна саемска манифестација ИТФ-АГРОФУД 2010, која оваа година ќе се одржи од 09-13. Ноември 2010 година, што воедно го одбележува и јубилејот 60. години Скопски саем, ни претставува задоволство да Ве запознаеме со содржините на истата но и да Ви понудиме можност за Ваше учество на истиот, како и успешна презентација на Вашата компанија.

Меѓународниот саем за широка потрошувачка ИТФ- АГРОФУД претставува спој на повеќе меѓународни саемски манифестации:


  • Меѓународниот саем на храна, пијалоци и стоки за широка потрошувачка
  • Меѓународна изложба на вино, пиво и јаки алкохолни пијалоци
  • Меѓународниот саем на машини, опрема, амбалажирање и внатрешен транспорт
  • Меѓународен саем на тутун и машини
  • Меѓународен агроиндустриски саем

Составен од повеќе саемски приредби кои по својата програма се поделени по хали, ИТФ АГРОФУД 2010 ќе претставува атрактивна изложба на која ќе има можност да се презентира понудата и побарувачката на целокупниот стопански сектор од Република Македонија и регионот, вклучувајќи ја агроиндустријата, механизацијата, прехранбената индустрија, конзервната индустрија, кондиторската индустрија, индустријата за месо и месни преработки, индустријата за производство на млеко и млечни производи, производството на органска храна, тутунската индустрија, производството на пиво, вино и јаки алкохолни пијалоци итн.

Концепциски според програмот на изложување, саемската манифестација ќе биде организирана во три целини, според следниот план:

– Во првата хала на изложбен простор ќе се претстават винариите и пиварите од Република Македонија и регионот, како и производителите на јаки алкохолни пијалоци, индустријата за млеко и млечни производи, индустријата за месо и месни преработки, како и групни национални претставувања од Словенија, Хрватска, Југозападна Србија, Унгарија, Бугарија и други;
– во втора хала ќе биде изложен програмот на конзервната индустрија, кондиторската индустрија, производство на овошни сокови, безалкохолни пијалоци, сировини, ароми, репроматеријали за прехранбената индустрија и индустријата за алкохолни и безалкохолни поијалоци, семенски материјали, индустријата за производство на замрзната храна, опрема за кланици, млекарници и други преработувачки капацитети и сл.
– Дворот и останатиот простор е планиран за изложување на земјоделска механизација, машини и опрема за земјоделско производство и агроиндустрија;

Покрај богатата изложбена програма, планирана е и богата работна програма која во себе ќе ги вклучи стручните презентации, форуми, работни семинари, организирани од соодветни стручни институции како Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, кое воедно е Покровител на оваа саемска манифестација, Сојузот на стопански комори - Агро бизнис комората, Земјоделски и Ветеринарен факултет и други.

Уживањето на посетителите на оваа саемска манифестација ќе биде надополнето и со разни забавни придружни ивенти како што се:
– Дегустации на висококвалитетни сортни вина, разни видови пиво и јаки алкохолни пијалоци
– Гастро денови - дегустации на разни видови на храна: сирење, кашкавал, сувомеснати производи..
– Најдоброто од Македонија: дегустирање на производи од домашни производители на храна
– Кафе шоу: дегустација на разни видови на кафе
– Скараџиска забава: посетителите во дворот ќе можат да уживаат во специјалитетите на скара и добро пиво и вино

Меѓународен саем на широка потрошувачка ITF-AGROFOOD 2010.pps
Програма ITF-AGROFOOD 2010



2011   |   2010   |   2009


Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости


 









Меѓународен Саем на Широка Потрошувачка

Магдалена Хамбова – проект менаџер
T: +389 (0)2 3218 350   M: +389 (0)70 363 511
E:

Игор Димитријевиќ - комерцијалист
T: +389 (0)2 3218 313   M: +389 (0)70 306 498
E:

Рада Спасовска - архитект
T: +389 (0)2 3218 311   M: +389 (0)70 392 969
E: