САЕМ НА КНИГАТА 2013

Саем на книгата 2013

САЕМ НА КНИГАТА 2013

9.-15. април 2013

Почитувани,

Со особено задоволство Ве информираме дека јубилејниот 25-ти САЕМ НА КНИГАТА 2013, како значајна културна манифестација која ги обединува издавачите во Република Македонија и регионот ќе се одржи од 9.-15. април 201година на Скопски саем. Истовремено, од 10-12 април 2013 ќе се одржи и 16-тиот Меѓународен саем -  ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2013.

Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.

Во деновите на саемот,посетителите ги очекуваатбројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи.

Традиционално, САЕМОТ НА КНИГАТА  е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, кое се јавува во улога на Покровител на манифестацијата.

Повеќе

Пријава

 

Новости