ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





ВТОР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ: „БАЛКАНOТ – Алтернативен пат од Израел до Европа“

 

До: Компании – членки на Сојуз на стопански комори на Македонија

Предмет: Покана за интернационален бизнис форум: Балканoт – алтернативен пат од Израел до Европа (18.04.2013)

Почитувани,

Како резултат на соработката помеѓу Сојуз на стопански комори на Македонија и Македонско Израелскиот Бизнис Клуб, ве покануваме да учествувате на:

 

ВТОР ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ:

„БАЛКАНOТ – Алтернативен пат од Израел до Европа“

Датум: 18-ти Април 2013 год.
Место: Метрополис Арена, Скопски Саем
Почеток: 10:00 часот

Бизнис Форумот е поддржан од Н.Е. г-дин Јоси Амрани, Амбасадор на Израел во Македонија и Хрватска.

Бизнис форумот е дизајниран за компании од следните сектори:

     - Информатичко-комуникациска технологија
Земјоделие и преработка индустрија
- Об
новлива/Алтернативна енергија
- Медицина и фармација
- Други

Учесниците на Вториот ИБФ ќе вклучуваат компании од:

     - Македонија
                - Бугарија
                - Израел
                - Турција
                - Албанија
                - Словачка
                - Косово
                - Шведска
                - Босна и Херцеговина
                - Холандија
                - Хрватска
                - Украина
                - Србија
                - Словенија
                - Други земји 


Компаниите – членки на Сојуз на стопански комори на Македонија се поканети да присуствуваат на официјалниот дел на Бизнис форумот. Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на е-маил:
најдоцна до 15.03.2013 година.

Форумот ќе содржи B2B средби каде ќе имате можност да генерирате нови бизниси и партнери. Доколку постои интерес од Ваша страна за дополнителни Б2Б средби во рамки на Бизнис форумот, потребно е да се регистрирате преку веб страната: www.ibforum.mk.

Во прилог Ви доставуваме:

   - Покана
   - Објава за настанот
   - Презентација

За дополнителни информации можете да не контактирате на е-маил: или на тел: 02/3091 440 локал: 104. Контакт лице: Ангела Николова.

Со почит,

Сојуз на стопански комори на Македонија

 

 

Новости