ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





ТРИБИНА: Како кариерното советување може да помогне во намалување на невработеноста?

 

ТРИБИНА 

ТЕМА:„Како кариерното советување може да помогне во намалување на невработеноста?!

Датум:11.04.2013

Време: 11.00 -13:00

Место: Дипломатик сала/Конгресен центар

Организатори: Асоцијација за кариерно советување на Република Македонија (АСК) и Хуманополис

Модератор: Жаклина Гештаковска, Претседател на АСК 

Краток опис: Што е кариерно советување? Кои се носители во Република Македонија на оваа професија? Зошто е потребно и каде сè е потребно? Придобивки од кариерното советување.

1. Што е кариерното советување, за кого е наменето, како изгледа процесот и кои се искуствата на другите земји. Какви активности постојат на ова поле во Република Македонија.

Говорник: Мирјана Пехчевска Попилиев, 

2. Како може кариерното советување да помогне во намалување на невработеноста? Кои и какви информации се потребни за вистински одлуки во врска со кариерата на секој поединец? Како може да се дојде до овие информации? Како можат невработените да го скратат патпт  до нивното вистинско вработување преку поддршката на кариерниот советник, обуки, правовремени информации итн? 

Говорник Ивана Дојчиновска Стојановиќ

3. Улогата на кариерното советување во организации, компании, јавна администрација. Како може кариерниот советник во рамките на одделот за човечки ресурси да помогне во зголемување на продуктивноста на вработените, конкурентноста на компаниите и организациите. 

Говорник: Биљана Велевска

Други говорници: Членови на АСК кои работат на кариерно советување: Наташа Ивановска, Славица Божиновска, Катерина Златановска Попова, Јулика Шундовска; Ѓорги Кушевски - претставник од УСАИД, и други.

Целна група: Претставници од средни стручни училишта , претставници на Бирото за образование, од Министерство за образование, од Министерство за труд и социјална политика, од Универзитетите, од постоечките кариерни центри, Агенција за вработување на Република Македонија, асоцијации на родители (родителски совети при гиманзии и училишта) и компании.

Поканети и од МХРА, УСАИД проектот ЈЕС мрежа, Американско-Македонска Стопанска Комора и др.

 

 

Новости