ERA notifications

Would like to receive news on your е-mail?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





Преглед

Идеално место за одржување на средби, конференции, промоции и семинари од бизнис, владиниот и невладиниот сектор заради одличната локација во градот, професионалниот тим, како и просторот кој е опремен со највисока технологија.

Фактот дека времето секојдневно станува сe поскапо за секого, е причина што Скопски Саем за своите клиенти оформи професионален тим кој успешно го решава проблемот на планирање и организирање на секој вид настани, за сите оние за коишто настанот претставува најзначаен канал за комуникација со својата целна група. Во интерес на Вашето време, Конгресниот Центар ќе Ви обезбеди кетеринг услуга, хотелско сместување, протокол во согласност со Вашите потреби.

Локација, која бренд - ориентираните компании нема да ја избегнат е Скопски Саем. Изложеноста на една од најфрекфентите сообраќајници во градот, како и можноста за видливост пред 1.000.000 посетители годишно, го прават еден од најатрактивните медиуми во главниот град на РМ.

Халите со капацитет од 5.000 – 10.000 луѓе се единствени од таков вид во РМ, што на посетителите на концерти, забави и друг вид на забавни збиднувања им овозможува да уживаат во познати имиња од естрадата.

Лоцирани подалеку од населено место, а сепак близку до центарот на градот со доволен паркинг простор, одењето на концерт е задоволство како за жителите на градот, така и за оние кои доаѓаат од другите делови на земјата и регионот.

Од левата страна на влезот во Управната зграда се наоѓа модерен ресторан од отворен тип, со работно време од 08-23 часот.

Инфо - центарот на Конгресениот Центар при Скопски Саем работи секој ден од 08:00 часот наутро до 16:00 попладне, додека временската реализација на настани е по желба на самиот клиент.


Прочитајте за нашите слични проекти: Виртуелни канцеларии , Скопски саем , Хуманополис , Метрополис арена

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Конгресен центар
Ера сити Метрополис Арена
Хуманополис Еко енергетика
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости

  • АДКОМ 06-10-2012 | Ера Сити

    АДКОМ

    Третата меѓународна конференција на тема Предизвици во секторот води во процесот на приближување до ЕУ организирана од страна на АДКОМ, ЈП Водовод


 










Ера Сити
Беласица 2
1130 Скопје

Сашо Колчакоски - Проект Менаџер
T: +389 (0)2 3218 312   M: +389 (0)70 306 398
Ф: +389 2 3218 698
E: