Регионален форум за енергетика08-10-2009
Скопски саем/Групација ЕРА и Македонскиот центар за енергетска ефикасност во соработка со Министерството за економија на Република Македонија Ве покануваат да присуствувате на Регионалниот бизнис форум:
„ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – РЕГИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ“
Тема 1.
ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА – РЕГИОНАЛНИ ПРЕДИЗВИЦИ
(Бизнис сала)
Тема 2.
ПРИМЕНА НА ЈАГЛЕНОТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
(Дипломатик сала)
Овој настан претставува единствена можност каде на едно место се споделуваат знаења и искуства од теоретски и практични видувања на главните бизнис елити, политичари и другите субјекти во секторот на енергетика како на национално така и на регионално ниво.
Со Вашето присуство како и учеството на другите стручни лица од областа на енергетиката на овој форум, веруваме дека придонесуваме во зајакнувањето на можностите за јавно-приватно партнерство како и за поширока регионална соработка на полето на енергетиката.
Регионалниот бизнис форум ќе се одржи на 13. октомври (вторник) во 12:30 часот во Бизнис салата во Конгресниот центар на Скопски саем.
Работен јазик на Форумот е англиски (со превод на македонски јазик)
За подетални информации, Ве молиме да ја проследите програмата на Форумот!
Програма на Форум ( 118 KB )
Регистрациона форма за вашето присуство на форумот
ФОРМА - Регистрација за присуствo ( 84 KB)
Пријавувањата и сите дополнителни прашања контактирајте нè на нашите електронски пошти:
к[email protected]
[email protected]
Со почит