МЕБЕЛ 201114-03-2011
37. Meѓунaрoдeн сaeм нa мeбeл, oпрeмa зa дoмaќинствa и jaвни oбjekти, рeпрoмaтeриjaли и мaшини зa индустриja нa мeбeл
Времетраење : 22.03.2011 - 27.03.2011

Меѓународниот саем МЕБЕЛ е водечки настан во модерниот и класичниот мебел и дизајн. Над 80.000 заинтересирани посетители ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учеството на повоќе од 400 интернационални изложувачи го прават овој саем возбудливо, освежувачко и забавно дружење.
МЕБЕЛ, како еден од најатрактивните манифестации кај нас е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите интересни штандови кои покрај мебел за домот, го трасиираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и зифни декорации, мебел штоф, како и канцелариски мебел за сечиј вкус, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, мапини и опрема за преработка на дрво заслужуваат целосно внимание на овој саем.
Со Вашето презентирање на МЕБЕЛ 2011, преку инвентивните и убаво уредените штандови, на едно место ќе ја обединиме понудата на трендовскиот дизајн и стил во индустријата за мебел, актуелните бои и најновите линии во уредувањето и на внатрешниот и на надворешниот простор, при што вашата компанија ќе се презентира во најдобро можно светло пред многубројната публика.
МЕБЕЛ 2011 е вистинското место за откривање на нови идеи и привлекување на нови потрошувачи. А нови потрошувачи значат и нови можности за сите изложувачи.
Тука, на саемот МЕБЕЛ, посетителите ќе можат да ги најдат Вашите производи, Вашите брендови и најважното од се, ќе можат да Ве најдат Вас и да бидат ИНСПИРИРАНИ од Вас.