КОНКУРС за дизајнирање на мебел14-03-2011
Почитувани проектанти, архитекти и дизајнери, студенти и постдипломци!
ЕРА / Скопски саем, во рамките на претстојниот саем МЕБЕЛ 2011 (22-27.03.2011) Ве покануваат да земете учество на КОНКУРСОТ за дизајнирање на мебел со следната конкурска задача:
Дизајнирање на ЕЛЕМЕНТ ЗА СЕДЕЊЕ
Пропозиции: · На Конкурсот можат да учествуваат сите заинтересирани проектанти, дизајнери и студенти од Македонија · Нивото на образование и искуството во проектирањето и дизајнирањето на мебелот ќе ја дефинира категоријата на која ќе припаднат (дизајнери или студенти) · Конкурсната задача „Дизајнирање на елемент за седење" се однесува на дизајн на столица или фотеља · Нема ограничување на материјалите за изведба на предложениот дизајн
Формат на трудовите: · Да биде изработена техничка документација во компјутерски цртачки програм со следните прилози: три проекции (изгледи), карактеристични пресеци, детали за применетите конструктивни врски за составување на елементите во готов производ и просторен приказ · Да се достават во печатена верзија (принт) во формат Б1 (100х70см.) на 1 прилог · Трудот да биде репрезентативен и самиот по себе да претставува достоен графички дизајн.
Категории и награди:
I категорија - професионалци (дизајнери и проектанти) - награда од 30.000 денари
II категорија - студенти - награда од 18.000 денари
Трудовите изготвени според пропозициите ќе бидат разгледани од страна на стручната комисија:
1. Проф.д-р. Нацко Симакоски, Кластер на дрвната индустрија на РМ - претседател на комисијата
2. Проф.д-р. Иванка Кировска, Архитектонски факултет Скопје
3. Доцент Владимир Каранаков, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Скопје
4. Дипл.инг.тех. Киро Спанџев, Министерство за економија на РМ (оддел за индустрија)
5. Дипл.инг.арх. Корнелија Конеска, Скопски саем / Хуманополис, фондација за едукација и развој
Краен рок на достава на трудовите - 15.03.2011
Конкурсните трудови треба да се достават на адреса на Скопски саем: Беласица 2, 1130 Скопје
Објавувањето на добитниците на наградите во двете категории ќе биде на 22. март (вторник) во 11ч. во Метрополис арена, во рамките на свеченото отворање на саемот МЕБЕЛ 2011, а сите пријавени трудови ќе бидат изложени во евент холот за време на траењето на саемот. После завршувањето на конкурсот, трудовите не се враќаат. Повеќе информации на: 02/3218-472 () или www.skopjefair.com.mk