23-ти Меѓународен САЕМ НА КНИГАТА 201104-04-2011

23-ти Меѓународен САЕМ НА КНИГАТА 2011
Би сакале да Ве информираме дека 23-тиот САЕМ НА КНИГАТА 2011, како значајна културна манифестација која ги обединува издавачите во Република Македонија и регионот ќе се одржи од 12.-17. април 2011 година во Метрополис Арена на Скопски саем. Истовремено, во втората хала од 13.-15. април 2011 ќе се одржи и 14-тиот Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2011.
Меѓународниот САЕМ НА КНИГАТА, како една од најзначајните саемски манифестации, претставува најголема концентрација на книжевни и илустрирани дела од домашни и странски автори.
Во деновите на саемот, посетителите ги очекуваат бројни промоции, тематски средби и пригодни изложби, како и најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи.
САЕМОТ НА КНИГАТА и оваа година е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, кое е Покровител на оваа манифестација.
СКОПСКИ САЕМ / Експо Медиа