Вински фестивал 201104-11-2011
Вински фестивал 2011

Почитувани,
Со задоволство Ве информираме дека Скопски саем организира Вински фестивал 2011, кој ќе се одржи во периодот од 15.-19.11.2011 година.
Пораката на Винскиот фестивал 2011 е ''Вкусете ги нашите најдобри зрна''.
Тоа го направивме со единствена цел:
- да организираме квалитетен настан кој ќе ја промовира винската култура во Македонија
- фестивал достоен за развој и негување на култот кон виното
- зголемување на семејството на вински ентузијасти, љубители на доброто вино и уживателите на квалитетни македонски вина
Винскиот фестивал 2011 ќе се одржи на специјално уреден простор во мултифункционалната Метрополис арена на 3.020 m² и со квалитетна музичка
програма која ќе се одржува секој ден од 20.00 до 23.00 часот.
Како што вели изреката: ,,Среќата ги посетува луѓето родени таму каде што се прават убави вина''.
Ве очекуваме во периодот 15.-19.11.2011 година, Каде? .... на саем.