ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





Технологија за искористување на волната и текстилниот отпад како природен изолациски материјал06-03-2013

06.03.2011 (Среда) РАБОТИЛНИЦА

Тема: ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОЛНАТА И ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД КАКО ПРИРОДЕН ИЗОЛАЦИСКИ МАТЕРИЈАЛ

Место: Дипломатик сала / Конгресен центар / Скопски саем
Време: 10:00 - 14:00
Организатори: Агенција за енергетика на Македонија, НВО ЦеПроСАРД и Скопски саем

Учесници на работилницата ќе земат: Експертите на Агенцијата за енергетика, компании од текстилната индустрија, градежни компании, компании за производство на термоизолациони материјали, компании кои работат на имплементација на мерки за енергетска ефикасност и други релевенатни субјекти.

Кратко инфо:
Во изминатата деценија, објектите што не се штетни за околината станаа многу популарни и привлекуваа светски интерес на различни професионални профили, како на пример, градежни инженери, архитекти, хемиски инженери и научници од областа на материјали.

Генерално, терминот еколошки објекти значи изградба и подобрувања на домување во објект во смисол на заштеда на енергија, градби што користат материјали кои не ја загадуваат животната средина, како што се материјали со намалена емисија на јаглерод, а во исто време, зградата нуди простор за живеење со подобрен квалитет на животот и подобрени здравствствени аспекти и подобрена енергетска ефикасност на објeктите. За целите на еколошките градби, потребен е нов сет на одржливи и еколошки изолациони материјали. На пример, употребата на евтини суровини од обновливи извори треба да има мултифункционална улога во градбата, а во исто време овие материјали треба да имаат исти или подобри перформанси споредено со конвенционалните материјали, како што се топлинска изолација, акустична заштита, отпорност на пожар, издржливост и намалување на ефектот на стаклена градина.

Во рамките на ЦеПроСАРД проектот: „Промоција за одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во руралните области на Р. Македонија” изработена е Студија за искористување на волната и текстилниот отпад. Во Студијата предложени се технологии за производство на изолациони материјали од волна и текстилен отпад од текстилната индустрија во Р. Македонија.

 

Новости