Роштилијада07-11-2009
ХРАНА, ПИВО И ВИНО НА ОТВОРЕНО – ОРИГИНАЛНА ЛЕСКОВАЧКА СКАРА
За целовреметраење на саемот, бројните посетители ќе ги мами мирисот на оригинална лесковачка скара.
Во текот на петте саемски денови, сите оние кои ќе го посетат саемот ќе имаат можност и да ја вкусат добро познатата лесковачка скара и да ја “залијат” со ладно квалитетно пиво и варено вино, а при тоа да уживаат и во музичкиот избор за сечиј вкус од страна на професионален ди џеј.