ДИНО МЕРЛИН ВО МЕТРОПОЛИС АРЕНА16-09-2010

Влезниците за концертот на сараевскиот пејач Един, алијас Дино Мерлин, од понеделник ќе бидат пуштени во продажба...
Цената се движи од 500 денари до 800 денари за ВИП влезниците, а истите се продаваат во Југотон, Тобако и Цвеќара Розе 2 во Веро.
Организаторот најавува дека пред концертот, цената на влезниците ќе биде покачена.
Концертот е закажан за 18 септември во Метрополис арената на Скопскиот Саем.
Дино Мерлин се уште е актуелен со албумот "Испочетка" кој се појави пред две години, а на кој има дуетски нумери со Змијанац и Хари Варашановиќ.
Мерлин доаѓа со голем бенд, кој го ридружува на сите негови концерти низ светот.
Пред скопската публика ќе ги изведе хитовите што ја одбележија неговата долгогодишна кариера "Мој је живот Швицарска", "Да слутиш", "Хитна помоќ", "Месечина", "Кад човек воли жену", "Јорговани", "Година варала си ме", "Све је лаж"...