ЕРА СИТИ нуди нови услуги - ВИРТУЕЛНИ КАНЦЕЛАРИИ08-10-2009
Од 14 октомври 2009 година, ЕРА СИТИ ќе започне со услугата Виртуелна Канцеларија во главната зграда на Скопскиот Саем. ЕРА СИТИ е првата и единствената компанија која ќе понуди Виртуелни Канцеларии на македонскиот пазар. Тоа ќе биде високо софистицирана услуга на Виртуелни Канцеларии, која му овозможува на корисникот да избере помеѓу многу опции: рецепционер, телефон, факс, е-пошта, сала за состаноци, канцеларии за пола работно време, веб хостинг, и така натаму.
Со ЕРА СИТИ Виртуелните Канцеларии и услугата Виртуелна Канцеларија, можете да го развиете Вашиот бизнис, а тоа е многу евтино, рентабилно, без грижа за алтернатива за лизинг со полно работно време или најмување деловен простор. Не само што ЕРА СИТИ Виртуелните Канцеларии ќе ги намалат трошоците во водењето на Вашиот бизнис, туку тие всушност можат да ги подобрат Вашите бизнис перформанси. Нашите услуги со рецепционер, виртуелни соработници и виртуелна локација на вашата канцеларија се наменети да ја проектираат сликата за вашиот бизнис на најдобар можен начин а заштедите се огромни.