Awards
Скопски саем – Супербренд за 2013/2014 година

Според строги критериуми од страна на стручно жири кое го сочинуваат високи претставници на бизнис заедницата и самите потрошувачи.
Скопски саем по вторпат доби признание за Супербренд и тоа 2013/2014 година.
“Наша цел како Супербренд организација е да ја подигнеме свеста кај македонските потрошувачи за тоа што претставува бренд и преку тоа, на полесен начин да ги препознаваат и да ги користат нивните услуги и производи. Потрошувачите многу полесно се одлучуваат да купат производ или да користат услуга од компанија која го користи знакот на Супербрендс”, изјави г-дин Зоран Саздовски, претставникот на Супербрендс за Македонија.
Првите активности на Супербрендс започуваат во Лондон 1994 година со радиска емисија на B-B-C London која имала за цел да им овозможи на потрошувачите увид во марките кои се достапни во нивниот секојдневен живот.
Денес Супербрендс е присутен во 92 земји и соработува со повеќе од 20.000 светски признати брендови и компании.