Следува 4. Саем за транспорт-товарни возила

Следува 4. Саем за транспорт-товарни возила на надворешниот изложбен простор на Скопски Саем.
Деловните посетители и граѓаните, од 25 до 28 мај, на Скопски саем ќе можат да ги видат моделите на светски познатите брендови на комерцијални товарни и приклучни возила: Schmitz Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Scania, DAF, Kogel, и Krone.
Партнер на манифестацијата ќе биде, веќе традиционално, СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ, најстарата транспортна асоцијација во Република Македонија. Деловните посетители и граѓаните ќе може да видат брендови на импортери на товарни возила од светска класа, со влекачи, камиони, но и приклучни возила, односно приколки и полуприколки, како и доставни возила. На вкупна површина од 2.500 квадратни метри на надворешниот изложбен простор на Скопски саем, преку своите импортери во Македонија, МАК АУТОСТАР, КАРГОМАКС, ДМ ТРАНС, ТРАИЛЕР ЦЕНТАР ЈУГ-ИСТОК како и преку некои истоимени претставништва на светски познатите прозиводители, ќе бидат претставени великаните во транспортната индустрија: Schmitz Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Scania, DAF, Kogel, и Krone.
На заинтересираните посетители, без оглед дали се тие од деловниот свет или обични граѓани, саемот во соработка со импортерите ќе им обезбеди богат избор на возила со висок квалитет, модерен дизајн, економични, со достапни цени и долговечна употреба, како и со ниски трошоци за одржување. Очекуваме, впрочем како и другите години, и оваа саемска транспортна манифестација да ги исполни очекувањата на посетителите и деловната публика, која вообичаено за овој сегмент достигнува бројка од околку 5.000 лица. Работното време на саемот ќе биде од 10.00 - 18.00 часот, а влезот за посета е бесплатен.