Отварање на Мебел 201024-03-2010

“ВИ НЕДОСТИГА НЕШТО?
НАЈДЕТЕ ГО НА МЕБЕЛ 2010“
36. Меѓународен саем – МЕБЕЛ 2010 (23 – 28 март 2010)
Во јубилејната година, Скопски саем, сезоната на саеми ја продолжува со најатрактивната саемска изложба – МЕБЕЛ 2010.
Во елегантно уреден амбиент исполнет со фотографии на идејните решенија на млади архитекти, во фоајето на управната зграда на Скопски саем, на 23 март, во 11ч., свечено започна саемот МЕБЕЛ 2010. Почесниот гостин, г. Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје, свечено го прогласи за отворено ова 36-то издание на саемот и на сите учесници им посака успешен саемски настап. Градоначалникот Трајановски напомена дека ова е најголемата и најпосетуваната манифестација за модерен мебел во Македонија. Во своето излагање тој истакна “…ангажманот на домашните компании и конкуренцијата од странство ќе придонесат за понатамошен развој на македонските компаниии…”, потенцирајќи го огромното значење на овој настан како комерцијалн мост помеѓу Македонија и регионот, кој од година во година бележи се поголем број на посетители. Тој ја покани целата јавност да направи избор и да го поднови својот дом со квалитетен модерен и класичен мебел од домашни и странски изложувачи.
На присутните гости и изложувачи гостопримство им понуди претседателот на Групацијата ЕРА – Скопски саем, Гвидо Омладич, кој истакна дека “Ентериерот и внатрешниот дизајн е нешто што е инвентивно и само небото е лимит колку и како може да се уреди одредена квадратура”.
Неговата Екселенција Арслан Хакан Окчaл, амбасадор на Република Турција, пред присутните гости го изрази своето големо задоволство што оваа година Турција е земја партнер, заблагодарувајќи се за успешната соработка и додаде “… Турција се наметнува да биде светски позната и конкурентна во производството на мебел а, дека е на добар пат тоа и да го оствари, говори фактот што во минатиот век постоеле мал број на мали и средни претпријатија производители на мебел, додека денес има повеќе од 40.000, а извозот пораснал за над 2 милијарди евра годишно”. Понатаму, амбасадорот изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во наредните години, срдечно заблагодарувајќи се на ЕРА Групацијата, изложувачите, посетителите како и на медиумите кои го следеа настанот.



