ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   






СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ16-09-2010

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Сојуз на стопански комори на Република Македонија и Скопски саем

16.09.2010, СКОПЈЕ. На ден 16 септември (четврток) во управната зграда на Скопски Саем со почеток во 10:30 часот беше потпишан меморандум за соработка и разбирање помеѓу Сојуз на стопански комори на Република Македонија и Скопски саем.

Целта на потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу Сојуз на стопански комори на Македонија, како водечка македонска деловна мрежа која ги застапува интересите на македонскиот бизнис сектор и Скопски саем ДОО, Скопје како организатор на саеми и други манифестации, се должи на потребата за меѓусебна соработка, заедничка организација и подобар пристап во поглед на промоција на македонските компании на саемските манифестации во Р. Македонија, како и на саемските манифестации надвор од Р. Македонија. Дополнителен придонес од потпишувањето на овој меморандум се однесува кон заедничкото делување зголемување на меѓусебната соработка и поддршка помеѓу ССК и Скопски саем во организирање и реализација на дополнителни настани кои се значајни за македонското деловно опкружување.

„Членките на ССК преку оваа соработка ќе имаат можност со одредени поволности и логистичка поддршка да учествуваат на голем број саеми надвор од Македонија каде што ќе можат да ги пласираат своите производи и услуги “ -  изјави г-дин Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори и додаде „ Анализирајќи ги дополнителните можности за продлабочување на нашата соработка, со сигурност можам да Ви потврдам дека во иднина од страна на ССК и Скопски Саем ќе следуваат заеднички проекти и активности кои во голема мера ќе помогнат во подобрувањето на македонското деловно опкружување креирајќи реални бенефити за македонските компании кои се пред се членки на Сојуз на стопански комори на Македонија. Со ова уште еднаш се потврдува потребата за коморското здружување и организираниот пристап на македонскиот бизнис сектор со цел поскора реализација на сопствените бизнис интереси.“

Денес, Скопски Саем се наоѓа на површина од 25.000 m2 од кои 16.000 m2 е покриен простор во шест изложбени сали, архитектонски и функционално поврзани и формирани во оригинален објект. Отворениот изложбен простор е опремен да ги исполни барањата на модерното излагање. Скопски Саем е исто така информатички, бизнис и маркетинг центар кој нуди простории за прес и конференции, семинари, симпозиуми, презентации .Секоја година саемот е домаќин на над 2.000 домашни и странски компании, издавачки куќи, производители и трговци, кои се претставуваат пред околу 1.000.000 посетители.

Календарот на настани на Скопски саем вклучува 19 меѓународни и 3 локални саеми и специјализирани изложби. Секоја година Скопскиот саем организира групно национално учество во странство. Тој е исто така бизнис партнер на неколку саемски организатори од регионот. Од 1995 година Скопскиот саем е член на УМС (Унија на меѓународните саеми), Париз.

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости

60 ГОДИНИ СКОПСКИ САЕМ 16-09-2010 | Скопски саем

60 ГОДИНИ СКОПСКИ САЕМ

 60 ГОДИНИ СКОПСКИ САЕМ

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 16-09-2010 | Скопски саем

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

  СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА