Скопски саем за недела на италјанските мали и средни претпријатија во Македонија19-10-2010
ТЕХНОМА 2010 СО НАЈГОЛЕМО УЧЕСТВО НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ ДО СЕГА
5. ХАЛА НА СКОПСКИ САЕМ ЗА НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
Најголемата и најпрестижната саемска манифестација во Р. Македонија, ТЕХНОМА 2010 ќе се одржува од 19.10. до 23.10.2010 година на Скопски саем. Оваа година ТЕХНОМА ја одбележува до сега најголемо учество на странски компании, кое што несомнено претставува добар сигнал за заинтересираноста на странските компании за македонскиот пазар. “Скопски саем, како институција која најсоодветно го следи анимирањето на странските компании, со гордост ја споделува информацијата дека оваа година покрај зголемениот процент на вкупниот број на учесници на ТЕХНОМА, за дури 30% во однос на минатата година, исто така забележува и зголемено учество на странски компании од следните држави: Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Бугарија и Австрија” – истакна Даниела Глигоровска, извршен директор на Експо медиа.
Република Италија се претставува со групно учество на мали и средни претпријатија (повеќе од 60 компании), во Хала 5, Скопки саем, со програма под наслов – НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИТЕ МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО МАКЕДОНИЈА, чии дејности се од областа на: енергетиката, обновливи извори на енергија, животна средина, екологија итн., што во суштина ја претставува и програмата на саемската манифестација ТЕХНОМА.
На саемската манифетација ТЕХНОМА 2010, Република Словенија се претставува со најголемо учество во последните неколку години, односно со учество на повеќе од 20 компании.
Растот на манифестацијата, особено учеството на странски компании кое изнесува 40% од вкупно 255 изложувачи, е доволен индикатор за позитивни наговестувања во доменот на странските инвестиции и атрактивноста на пазарот на Република Македонија. Токму затоа оваа година ТЕХНОМА ќе ја задржи практиката да биде професионална и иновативна саемска манифестација преку програмата што ќе се одвива во текот на сите саемски денови почнувајќи со стручната трибина во областа на енергетиката, во соработка со МАЦЕФ, а ќе бидат остварени и други дополнителни содржини.