Презентација на Календарот на саемски манифестации за 2012 година01-07-2011
Скопски саем со цел да ги промовира своите активности и манифестации планирани за следната година, на 28 јуни 2011 година одржа презентација на Календарот на саемски манифестации за 2012 година, на која присуствуваа економски аташеа и претставници од тринаесет (13) странски дипломатски претставништва во Република Македонија, г-дин Крум Ефремов, државен советник во Министерството за надворешни работи, г-дин Виктор Мизо, главен извршен директор во Агенцијата за странски инвестции, како и економските промотори на Република Македонија во странство.
Целта на оваа презентација беше да се информираат дипломатските служби за целокупната програма на изложби и други настани, со понуда да ги искористат саемските манифестации како медиум за промоција на компаниите од нивните земји преку организирани национални или индивидуални претставувања на фирми од соодветниот стопански сектор.
Истовремено, беше акцентиран потенцијалот на манифестациите во насока на привлекувањето странски инвестиции, како настани кои ја отсликуваат состојбата и развојните текови на соодветната дејност.
Преземете ја презентацијата овде!