ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   








ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА -СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 03-10-2011

1. MEЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ РЕГИОНАЛНО МЕСТО ЗА ПРЕЗЕНТИРАЊЕ ИНОВАЦИИ ВО СФЕРАТА НА ТРАНСПОРТОТ И ЛОГИСТИКАТА/ЦЕНТАР ЗА ПРОМОЦИЈА  

Од 5. до 8. октомври 2011, ќе се одржи првиот меѓународен саем за транспорт и логистика во организација на Групација ЕРА - Скопски саем

Првиот мeѓународен саем за транспорт и логистика, каде како покровител на манифестацијата се јавува Царинската управа на Македонија, ќе се одржи во првите две саемски хали (Метрополис арена и Хала 2), со вкупен затворен изложбен простор од 5.000 квадратни метри и надворешен од  800 квадратни метри. На саемот за транспорт и логистика 2011, учество ќе земат  над 40 компании и тоа: авиосообраќајот ќе биде претставен преку ТАВ Македонија, кој на саемот ќе го промовира новиот логистички центар, Македонски и Словенечки железници ќе го покријат железничкиот транспрот. Поморскиот транспорт ќе биде опфатен преку Солунското пристаниште, албанското пристаниште Драч и црногорските: Пристаниште Бар и Контејнерски терминал и генерални товари, а во делот на товарните и возилата за утовар и истовар и транспортните системи, ќе се претстават локалните импоретери на светските брендови: Schmitz Cargobull, Iveco, Mercedes Benz, Volvo, Man, Peugeot. Голем број на шпедитерски и логистички центри, домашни и странски, како Фершпед, Дени Интернационал,Schenker, Kuehne+Nagel, Gebruder Weiss, како и осигурителни компании  и банки, софтверски компании, ГПС и навигациони системи. На саемот ќе земат учество и асоцијации од Македонија и од странство, и тоа од Шведска, Германија, Швајцарија, Австрија, Италија, Словенија, Црна Гора, а и од соседните Србија, Грција и Албанија.

Примарната цел на оваа специјализирана саемска манифестација е да им се даде единствена можност на фирмите од овој сектор за претставување, афирмација и директен контакт со пошироката деловна јавност бидејќи транспортот и логистиката претставуваат еден од клучните фактори за развој на трговската размена на една земја, а со тоа и поттикнување на економскиот развој и поврзување со светските економски текови. Скопски саем ги покани 1000-те најголеми увозници и извозници во земјата кои имаат годишен увоз/извоз над 1.000.000 УСД, да бидат дел од целната јавност на компаниите кои ќе се претстават на овој саем, сѐ со цел поврзување и вмрежување на бизнисте кои се комплементарни меѓу себе. Исто така значајна посета се очкеува и од странските компании, пред сѐ, од компани кои се бават со увоз-извоз од соседните земји. "Ваков вид на саем не се одржува во регионот и сметаме дека Скопје и Република Македонија имаат можност да бидат лидери во регионот во одржување на ваков тип на манифестација, каде на едно место ќе се обединат сите значајни чинители во транспортно-логистичкиот сектор и бизнис заедницата од регионот." - истакна Даниела Глигоровска, извршен директор на Експо Медиа. Саемот дава можност за остварување дополнителна вредност од соединување на субјекти со исти интереси на државно, комерцијално, институцијално и научно ниво и очекуваме плодни конференции и дебата во рамките на саемските денови. На првиот саемски ден ќе се одржи Конференција на тема: "Интеграција на Југоисточниот пазар - следниот голем предизвик во логистиката и транспортната индустрија во Југоисточна Европа", каде воведен говор ќе даде м-р Владимир Пешевски - Вицепремиер за економски прашања при Владата на Република Македонија. Вториот саемски ден 6 октомври (четврток) е резервиран за конференција на темата: "Македонија, логистичко и транспортно место во Југоисточна Европа".

Исто така, во четирите саемски денови ќе се одржат и билатерални средби со учесниците на саемот како и  индивидуални презентации и промоции на компаниите.

Сава Табак, членка на групацијата Сава РЕ од Словенија се јавува како покровител на манифестацијата. Таа е лидер во регионот со исклучително искуство и експертиза во сите видови на неживотно осигурување и е долгогодишен партнер на транспортерите и логистичките компании.    

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости