САЕМ НА КНИГА 201202-04-2012
24. Meѓунaрoдeн сaeм нa книгa
Времетраење : 24.04.2012 - 29.04.2012

Почитувани изложувачи,
Меѓународниот Саем на книгата, како една од најголемите културни манифестации во земјата, претставува водечки настан за поклониците на убавиот збор и вистински празник за сите вљубеници во печатеното издание.
Во деновите на саемот посетителите освен најновите изданија на домашните и странските издавачки куќи, ги очекуваат бројни тематски средби и пригодни изложби.
Читателите, традиционално, ќе може да ги следат промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи.
Сето ова го покажува значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува луѓето.
Читајќи книга овозможете си луксуз на душата.....
Поттикнати од успешното реализирање на акцијата “Подари книга, подари богатство” во 2011, каде познати личности од различни области: актери, пејачи, водители, новинари, луѓе од светот на модата кои купија книга за да подарат богатство на своите најмили, сакаме оваа активност да добие карактер на традиционален настан во рамките на саемот. Оваа акција има за цел поттикнување на подарувањето на книга посебно кај младата популација како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеи и празници, покажувајќи пример за целата јавност дека не треба да се заборави на печатеното издание.
Општи показатели за САЕМ НА КНИГАТА 2011
- 40.500 посетители
- 74 директни изложувачи
Учесници од: Република Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Србија, Италија
Програма
Пријави