ТЕХНОМА 201229-04-2012

38. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита
13. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство
МАКИНОВА - 32. Меѓународна изложба на иновации
ТЕХНОМА 2012 - најголемата и најреномираната саемска манифестација која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, ќе се одвива во терминот од 16. – 20. октомври 2012 година.
Меѓународниот саем – ТЕХНОМА е важен промотор на развојот на индустриското стопанство во регионот, кој повеќе од три децении го следи технолошкиот напредок на најновите достигнувања во областа на технологијата и интензивирање на меѓународната размена.
Дополнителна атрактивност и збогатување на овој саем се Саемот за занаетчиство и мало стопанство и изложбата на пронајдоци - Макинова.
Зголемениот интерес на учесниците го исполни сиот расположив изложбен простор на Скопски саем со површина од 14.000 м2, а вкупниот број на претставени фирми изнесуваше околу 239 директни учесници од кои 149 домашни и 90 странски компании од: Грција, Словенија, Хрватска, Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Јапонија, Данска, Холандија, Шведска, Шкотска, Швајцарија, В. Британија, Канада, Шпанија, Република Чешка, Индија, Израел...
Саемската манифестација Технома 2011 беше збогатена со национални претставувања од:
- Грција – ТИФ (Thessaloniki International Fair) и Регионалната комора од Солун
- Словенија – ЈАПТИ – Јавна Агенција на Р. Словенија за Претприемништво и Странски Инвестиции и Комората на Занетчии и Мал Бизнис
- Италија – Дводневен бизнис настан ЕКОБИЗ ЕКСПО на кој се претставија 40-тина компании со дејности од областа на: енергетиката, обновливи извори на енергија, животна средина, екологија итн., во организација на ФДЛ Сервизи од Бари - Италија, носители на проектот АМИКО
ПРОГРАМА НА ИЗЛОЖУВАЊЕ
- Црна и обоена металургија
- Металопреработувачка индустрија
- Електро и електронска индустрија
- Енергетика
- Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија
- Управување со отпад, рециклирање, екологија
- Уреди и опрема за греење, ладење и климатизација
- Мерна опрема и инструменти
- Технологија и управување со води
- Неметали, хемиска и петрохемиска индустрија
- Градежни и изолациски материјали
- Средства и опрема за градежништво
- Техничко-технолошки иновации
- Опрема и технологија за користење на сончева и други извори на енергија
- Системи за сигнализација на пожари
- Средства и опрема за ХТЗ
ПРИДРУЖНИ МАНИФЕСТАЦИИ
- Енергетски форум
- Деловни денови на индустријата за неметали и градежништво
- Советувања, конференции и предавања
- Промоција на нови производи
- Демонстрација на машини и друга опрема изложена на саемот
ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА ТЕХНОМА 2012
- Промовирајте ги своите услуги пред пошироката деловна публика
- Направете директен контакт на едно место со компании заинтересирани за вашите услуги
- Зголемете ја директната продажба и можностите за продажба
- Откријте нови можности
- Сретнете се и соберете искуства од водечките компании
ОЧЕКУВАЊА
Учеството на странски компании кое изнесува 40% од вкупниот број на изложувачи, како и бројот на посетители кој минатата година изнесуваше 25.000, деловна посета, како носители на деловни одлуки, инвеститори и експерти ќе Ви овозможи исклучителна можност да ги промовирате Вашите услуги пред пошироката деловна публика и да направите директен контакт на едно место со компании заинтересирани за Вашите услуги.
Контакт: Валентина Димирова, Оперативен директор на проекти
Тел : 00389 2 3218 351, 00389 70 22 66 34
e-mail: [email protected]
web: www.skopjefair.com.mk
СКОПСКИ САЕМ/ЕКСПО МЕДИА
Извршен директор,
Даниела Глигоровска