Неформална средба на Претседателот на Република Словенија Борут Пахор и Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов

Во рамките на дводневната официјална посета на Република Македонија на Претседателот на Република Словенија Борут Пахор денес на 17.07.2013 (среда) во 12.00 часот, во Арт салонот на Скопски саем се одржа неформална средба на Претседателот Пахор и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, која има за цел промоција на Европското првенство во кошарка ЕВРОБАСКЕТ 2013, a кое ќе се одржи од 4. до 22.09.2013 година во Република Словенија.

