10-та отворена бесплатна НЛП работилница

Почитувани,

Поради големиот интерес, на 12.09.2013 (четврток) е закажана и 10-та отворена бесплатна НЛП работилница во Конгресниот центар на Скопски саем. Досега се организирани 9 НЛП работилници, 8 во Скопје и 1 во Гевгелија. Со 10-та го заокружуваме првиот серијал пред почетокот на НЛП програмата, NLP Business Practitioner!

Запознајте се со најраспространетиот модел на докажани и моќни техники за ефективно делување, кој го применуваат најуспешните светски лидери: Оbama, Oprah Winfrey, Stephen Spielberg, Tiger Woods,… Станува збор за Невролингвистично програмирање (NLP). 

Работилницата трае 2 часа, со почеток во 18.00 часот, а ја води Елена Антоновска - Едизер, нашиот НЛП тренер.

За пријавување испратете пополнет формулар на: [email protected]. Формуларот може да го преземете тука: https://eragrupa.mk/App_upload/UploadUser/d849932af6ff57f6cd388d547ac6eddf.pdf

Доколку веќе сте пополниле формулар само испратете ни e-mail за резервација на место. Бројот на учесници е ограничен на 20, пријавете се најдоцна до 09.09.2013 (понеделник).

Со почит,
Фондација Хуманополис и NLP Центар Белград

 

Новости