ТЕХНОМА 2013 - ГОЛЕМО УЧЕСТВО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ТЕХНОМА 2013 - ГОЛЕМО УЧЕСТВО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА
ТЕХНОМА 2013 - најголемата и најреномираната саемска манифестација која ги обединува претставниците на најголемите домашни, но и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, неметалите, градежништвото, обезбедување и заштита, ќе се одвива во терминот од 15. до 19. октомври 2013 година.
Во рамките на 39. Меѓународен саем на металургија, електроника, енергетика, неметали, градежништво, обезбедување и заштита се одвиваат уште две придружни манифестации: 14. Меѓународен саем на занаетчиство и мало стопанство и МАКИНОВА - 33. Меѓународна изложба на иновации.
На годинешното издание на Технома Метрополис Арената на Скопски Саем ќе замат учество Организирани национални претставувања од:
- Kомпании од соседна Грција – организирани преку ТИФ (Thessaloniki International Fair) и Регионалната комора од Солун
- Kомпании од Словенија – SPIRIT SLOVENIA, Јавна агенцијаза организирано учество
- Kомпании од Хрватска – организирани преку Хрватска занаетчиска комора и Стопанска Комора на Хрватска
- Kомпании од Бугарија – Проект за промоција на интернационализација на Бугарските компании, Агенција за Промоција на Мали и Средни претпријатија