ТРЕТ САЕМ НА ТУРСКИ ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА

ТРЕТ САЕМ НА ТУРСКИ ИЗВОЗНИ ПРОИЗВОДИ ВО МАКЕДОНИЈА
6.-9. ноември 2013
Саемот е поддржан од Министерството за економски прашања на Република Турција, Трговската комора на Ескишехир и Агенцијата за развој од Тракија, а ќе биде организиран од страна на Меѓународната саемска организација „Меридијен“ и Стопанската коморана Македонија – Турција (МАТТО). На саемот ќе учествуваат околу 50 турски компании кои сакаат да инвестираат во Македонија и кои ќе остварат билатерални бизнис спогодби. Саемот има за цел да ја прошири постоечката комерцијална соработка меѓу двете земји и се очекувада го посетат голем број на посетители од Република Македонија. На саемот ќе бидат претставени следните производи, материјали и услуги: козметички производи, храна, земјоделство, амбалажа, пластика - гума, подароци, стакларија, логистика, играчки, образование, туризам, системи за безбедност, градежни материјали, мебел, добавувачи за индустријата за мебел, текстил за домаќинство и апарати за домаќинство.
