Арт базар - Дизајн со љубов
По повод празниците Свети Трифун и Свети Валентин денеска и утре на Скопски саем ќе се одржи првиот Арт базар - Дизајн со љубов.
Настанот го организираат Скопски саем, Занаетчиска комора на Скопје и Македонската артизанска трговска асоцијација (МАТА).
Учествуваат автори на рачни изработки, креативци кои дизајнираат со љубов и создаваат широк спектар на рачно изработени предмети од најразлични материјали, сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и друг вид на материјали за изработка на креативни дела.
Во рамките на Aрт базарот ќе има индивидуални презентации со цел овој вид уметност да се доближи и до пошироката публика.
