ПРЕДАВАЊЕ: КОНЦЕПТИ И ПРОЕКТИ ВО АРХИТЕКТУРАТА
ПРЕДАВАЊЕ
Тема: концепти и проекти во архитектурата
Дата: 06.03.2015
Место: Дипломатик сала
Време: 11-13 часот
Организатори: Асоцијација на архитекти на Македонија и Скопски саем
Предавач: Зоран Бошевски, архитект БИФ студио Загреб (http://www.bifstudio.com/)
Модератор: Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, Претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија(ААМ)
Целна група: АРХИТЕКТИ, УРБАНИ ПЛАНЕРИ, ПРОЕКТАНТИ И СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ТЕМАТА.
На предавањето ќе бидат приажани проекти кои студиото „БФ“ ги изработило како конкурсни трудови, проекти или реализации. Паралелно набљудувани во однос на истражувачките или аналитички студии поврзани со наведените трудови, или низ пракаса отворени прашања, низ докторски студии или предавачки ангажмани и семестрални трудови на студенти од колегиумот на урабнистичката работилница 2 на Архитектонскиот факултет во Загреб.
Предавањето ќе биде пропратено со материјали кои во поголем дел се сопствени концепти и проекти, но ќе се објаснат и поединечни дела кои се во корелација со темата и се од други автори или групи.
Главни теми и концепти кои можат да се издвојат:
Тема 1: Проблемот на капитализација на просторниот ресурс на градот, урбани комасации, и оптимални проекции низ проектните модели и проекти на студиото БФ;
(Врбани 3,Загреб; населба Павленски пат, Загреб; проект Муња,Загреб, проект ),
Тема 2: Натурализацијата, контигенција, самоорганизација и конфронтирање со моделите на алгоритамите во концептите.
(Бадел блок,Загреб, Вимекс, Холандија т.н Brandhub, ETH и слични.)
Тема 3: Инфраструктурата како стратешка одредница на нашите градови, прикажана преку конкурсни проекти на студиото БФ (Пула крајбрежје и плоштадот на кралот Томислав, Љубљана главен автопат, Делта, Ријека)
Тема 4: Анализа на местото и не-местото низ тезите поврзани со продукцијата на просторот (Harvey, Lefebvre). Осврт на истражувањето на просторот на модернитетот и супермодернитетот како простор на секојдневието. Анализа низ предствувањето на проектот студио БФ - Загреб Аеродром , учесник на меѓународен натпревар.
Анализа на ритамот, (Lefebvre, Sloterdijk) - анализа низ практичниот и теоретскиот дискурс поврзан со проектите Македонска православна црква во Загреб и училиштето Ксавер Шандор Ѓалски, Загреб;
Содржни повзани за посебниот приод кон анализата на просторот во темите на супермодернитетот, конфронтацијата на антропологијата и сајбер антропологијата низ концептите: дизајнот низ еластичната свест, концептот на софт урбанизмот, приказ на студенскиот проект „Kostrena, Boyant light“, и темата на аномија; Проект Љубљана 2019, приказ на студенската анализа на Рим 1986.
Крак, кус осврт на темата „virtual space“ спрема Орт Елингер (Ort Etlinger) и допир со темата Скопје 2014!!!