ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




Златна бубамара на популарноста

Златна бубамара на популарноста

 

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ!

Тик-так, тик-так, ја најавуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава: „Златна бубамара на популарноста“ во специјалното 19. издание под мотото: „ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ! во Metro POLICE – Арена“ на 18 Фебруари 2016.

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ!

Тик –так, Тик – так, ја најувуваме најпопуларната и најпосакувана манифестација создадена во нашата: лепена, сечена и демонтирана демократска држава - “ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“  во специјалното 19. издание под мотото:

ДА СЕ СОБЕРЕМЕ, ПРЕД ДА НЕ СОБЕРАТ !  во Metro POLICE – Арена

 

 

На 18-ти февруари, традиционално, по 19. пат ќе се оддржи спектакуларното доделување на наградите на најпопуларните уметници од Македонија и Екс Југословенските простори. Наградите ќе бидат доделени по список и редослед кој е прочистен и потврден од музичко забавната комисија на Радио Бубамара, со дозвола за увид два дена по денот на настанот, во рамки на одложената ТВ снимка со среќни ПИМ мерки.

Добрата забава и хумор  се потреба во секое нормално хумано опшество и тоа барем еден ден во годината, а додека го чекаме тој  убав ден во февруари, ви препорачуваме да продолжите да ќутите по дома и да дишете загаден воздух надевајќи се дека повторно ќе ве огрее „Ново сонце на слободата“.

Режисерот и организаторот на оваа култна манифестација Ранко Петровиќ како и секогаш сценариото го крие во тајност и најавува дека овој голем празничен медиумски настан, повторно ќе биде во знакот на високо интелигентна сатира, пристоен  хумор, добра музика и аплаузи  за најголемите македонски и балкански уметници.

Ако сакате да се насмеете и кога не ви е до смеење, бидете со нас и во ова специјално издание.

 

 
fv

Новости