ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   




Го најавуваме ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2016

Во време на брзи промени и нет конекции и пазари кои се сé повеќе виртуелни и „неопипливи“, ние веруваме дека директната комуникација  „очи во очи“ со клиентите е најплодотворна и ефикасна, односно не ја изгубила својата вредност на човечката „природна“ комуникација.

За таа цел Ве информираме дека 19-тиот по ред Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2016, ќе се одржи од 14-16 Април2016 година во организација на Скопски саем.

Присутноста на оваа манифестација е предност пред сé затоа што  на овој настан истовремено ќе бидат учесници освен домашните универзитети и поголем број на меѓународни образовни установи како и некои агенции за вработување, бизнис компании кои нудат програми за преквалификација, но и понуда на нови продукти.

ЕДНОСТАВНО - На едно место повеќе информации и подобри ОДЛУКИ!!!

Интересен  Програмски дел со дебати,трибини и презентациии содржини кои се актуелни  во  високото образование како и кариерните можности  на идните дипломци, односно што се сé случува со пазарот на трудот во РМ?!

Традиционално наши соработници се домашните универзитети  Гоце Делчев – Штип, Св.Климент Охридски –Битола, Св. Апостол Павле – Охрид и сите оние кои сакаат да се претстават со своите програмски содржини и нови наставни методологии!!!

Љубљанскиот универзитет , универзитетот од Марибор и универзитетот од Приморска од Р. Словенија се само делод Словенечките универзитети кои ќе бидат присутни на оваа манифестација! Оваа година имаме претсавницио универзитетите од Грција и Чешка како и од Турција и Бугарија.

Ќе бидат присутни повеќе програми и проекти од меѓународните организации кои работат во  полето на образованитео и бизнис секторот!

ДОЈДЕТЕ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ!!!

За сите информации за Меѓународниот саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2016 следете на нашата FB страница eragrupa.mk или на web: www.skopjefair.com.mk !!!

 
fv

Новости