Диџејот на сите времиња - TIESTO15-07-2010
На 1-ви Септември во Метрополис Арена ќе настапи најголемиот диџеј на сите времиња - TIESTO.
Македонија како дел од неговата светска турнеја ќе биде дел од промоцијата на неговиот најнов албум - Kaleidoscope.
Ќе има 2-ипол часовен концерт на кој ќе ги слушнеме неговите најнови песни како и старите добри хитови. Забавата ќе започне во 20:00 часот, а стартот на концертот е за кажан за 00:00 часот.
Истата вечер настапуваат и Urban Dance диџеите: Navigator,Bushava Azbuka и Satellite.
Влезниците ќе бидат обезбедени во 3 категории. Стандарден билет, Fan PIT билет и VIP билет. Цените ќе бидат дополнително соопштени.
Очекувајте вистинско show и спектакл, нешто што многу ретко се случува во нашата држава.
Конечно ќе бидеме сведоци на еден вистински светски настан.
Датумот за неговото гостување е потврден и на неговиот официјален сајт www.tiesto.com
