Филмот „Балканот не е мртов“ се снима на Скопски саем22-07-2011
Извор: http://www.utrinski.com.mk

Филмот „Балканот не е мртов“ се снима на Скопски саем
Од 24 мај, во две хали на Скопски саем, кои се адаптирани во студија, почна да се снима филмот „Балканот не е мртов“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, во саботата ја посети екипата, посакувајќи и успешен филм. Таа истакна дека се надева оти Македонија ќе добие уште едно филмско остварување што ќе биде гордо прикажувано не само пред домашната публика, туку и пред светската јавност.
„Вложувањата во филмската дејност и натаму остануваат приоритет“, рече Канческа-Милевска, која најави и изградба на филмско студио што значително би ја олеснило работата на домашните и на странските филмски екипи кои во иднина ќе сакаат да снимаат во Македонија.
„Балканот не е мртов“ ја раскажува приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте, која е позната во сценска форма. Во режија на Александар Поповски, оваа драма првпат е изведена на театарската сцена во МНТ во 2001 година, а сега ќе биде филмувана во продукција на „Кино око“ од Македонија, во партнерство со продуцентски куќи од Србија, Хрватска и од Словенија.
Вкупниот буџет на филмот „Балканот не е мртов“, како што информираат од Министерството за култура, изнесува 1.250.000 евра, од кои 62 процента се обезбедени од буџетот на Министерството.
Сценариото на филмот е базирано врз драмскиот текст на Дејан Дуковски, кој е сценарист и на филмот заедно со Поповски и со Ана Ласиќ од Србија. Директор на фотографија е Дејан Димески, дизајнер на продукција е Свен Јонке, а автор на музиката е Кирил Џајковски. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Тапушковиќ-Шолак, а во другите играат и Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге и Сашка Димитровска. (Т.И.)
Извор: http://www.vest.com.mk
ПОЧНУВА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ "БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ" НА АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ
Доста е од темната страна, снимаме светол филм
По сценарио на Дејан Дуковски, со Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Шолак, Раде Шербеџија, со камера на Дејан Димески и музика на Џајковски, се спрема новиот македонски филм

Во две хали на Скопски саем, наредните 30-ина дена ќе се случуваат драматични, смешни, тажни, љубовни сцени, кои ќе се одвиваат во кафеани, улици, куќи, балкони, харем, шума. Таму се гради цел свет на филмот кој ќе почне да се снима во вторник, "Балканот не е мртов" во режија на Александар Поповски, по истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски, и косценаристите Поповски и Ана Ласиќ.
Приказната за љубовта на Кемал Ататурк со Елени Каринте, што се случувала во Битола, ќе се снима само во неколку секвенции во Битола, другиот дел од филмот ќе биде фикција, иреален свет, свет во којшто, како што рекоа членовите на екипата на вчерашната прес-конференција, акцентот ќе биде ставен на приказната, на актерите, на светлото и на камерата.
"Се одлучивме за нов принцип на работа, нов за сите нас, во кој нe интересира суштината на просторот, а не просторот сам по себе", рече режисерот, кој додава дека приказната е онаа од "Македонска крвава свадба" и прашањето за нив било дали да се вратат онаму каде што е направен тој историски важен филм за нашата кинематографија или да одат во нешто ново. Одат натаму, најавувајќи искрен филм, зашто, како што вели Александар, ако во "Македонска крвава свадба" слоганот бил слобода или смрт, кај нив е љубов или омраза. "Текстот е пишуван во 1991 година, кога се случуваше нешто, а не се знае што точно. Јас го поставив во 2001, кога, исто така, се случуваше нешто, а не се знаеше што, така што сега го правиме филмот кога, исто така, се случува нешто, но ние би сакале тоа да е нешто убаво", вели Поповски, кој додава дека сега неговото чувство да направи светол филм е уште позасилено, зашто смета оти доста време сме поминале на темната страна.
"Балканот", според екипата, е текст кој се занимава со борбата на два принципа - грдата страна на светот, кога империите се распаѓаат и кога се случува ерозија на моралните вредности и убавиот принцип - љубовта, големите мисли, промената на светот и на самите себеси.
На прес-конференцијата зборуваа и сценографот Свен Јонке и костимографката Снежана Пешиќ-Раиќ, соработници од театарските проекти на Поповски. Никола Ристановски, Драгана Костадиновска и Србинката Наташа Шолак беа актерите на прес-конференцијата кои се дел од кастингот, за што Поповски рече дека е екипа која само треба да се посака. Играат и: Јордан Симеонов, Благој Веселинов, Ертан Шабан, Сузан Акбелге, Сашка Димтровска и Раде Шербеџија.
Директор на фотографија е Дејан Димески, а композитор - Кирил Џајковски. Продуцент е "Кино око" и Роберт Насков, кој рече дека филмот чини 1.250.000 евра, од кои 775.000 евра (или 62 отсто) се од Министерството за култура. Копродукција е со Србија, Хрватска и со Словенија.
(М. За.)
Фото: Д. Перковски
Извор: http://www.a1.com.mk

Prvata klapa na 'Balkanot ne e mrtov' ke padne na 24. maj
[19.05.2011] Po desetina godini peripetii, tekstot i teatarskata pretstava na Dejan Dukovski - 'Balkanot ne e mrtov', sepak ke se pretoci vo igran film.
Producentot Robert Naskov i negovata 'Kino oko', obezbedi budzet od 1 milion i 200 iljadi evra i ovaa makedonsko-slovenecko-srpska koprodukcija ke se snima 30 dena na lokacii vo Skopje i vo Bitola, glavnite sceni ke se snimaat vo skopskiot saem koj vo momentov lici na filmski grad.
'Ovoj tekst i ovaa prikazna imaat takva sudbina, da gi dopira onie momenti koga se borat dva principa. Ednoto e grdata strana na svetot, kade sto imperiite se raspagaat, kade sto se slucuva erozija na nekoi moralni vrednosti i onaa drugata, ubavata za kojasto nie sme tuka, toa e ljubovta, golemite misli, promenata na svetot, promenite na samite sebe', izjavi Aleksandar Popovski.
Prikaznata e po poznatite motivi od Makedonska krvava svadba. Glavnata ulogi im se dovereni na sloveneckata akterka.
'Intuicijata sekogas mi veli deka, sekoj kompromis na nivo na odbiranje na ekipa, tema, nacin, vodi sekogas kon propast. I vo taa smisla se cuvstvuvam ispolneto na pocetokot na ovaa avantura zatoa sto dosega ne e napraven toj kompromis', veli Nikola Ristanovski, akter.
Bogatiot corbadzija ke go igra Rade Serbedzija, a ke se pojavi i grupata 'Foltin'. Direktor na fotografija e Dejan Dimeski, dizajnot na Sven Jonke, muzikata na Kiril Dzajkovski.
Pred tri godini Ministerstvoto za kultura na sud ja osporuvase odlukata na Popovski da mu se dodelat pari za film, otkako vlegoa i stranski producenti, toa obezbeduva 60 procenti od budzetot.
Prvata klapa na filmot 'Balkanot ne e mrtov' ke padne na 24 maj.
Извор: http://kurir.mk/

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера ја посети екипата која од 24 мај во две хали на Скопскиот саем, кои се адаптирани во студија, започна да го снима филмот „Балканот не е мртов“, по текст на Дејан Дуковски и во режија на Александар Поповски.
Канческа-Милевска, посакувајќи успешен филм, истакна дека се надева дека Република Македонија ќе добие уште едно филмско остварување кое ќе биде гордо прикажувано не само пред домашната публика, туку и пред светската јавност. Министерката за култура подвлече дека вложувањата во филмската дејност и натаму остануваат приоритет, а најави изградба на филмско студио кое значително ќе ја олесни работата на домашните и на странските филмски екипи кои во иднина ќе сакаат да снимаат во Република Македонија.
Приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте, која е позната во сценска форма, исто така во режија на Поповски и првпат изведена во МНТ во 2001, ќе биде филмувана во продукција на „Кино око“ од Македонија во партнерство со продуцентски куќи од Србија, Хрватска и Словенија.
Вкупниот буџет на филмот „Балканот не е мртов“ е 1.250.000 евра, од кои 47.820.000 денари (или 775.000 евра, односно 62 проценти) се обезбедени од буџетот на Министерството за култура.
Сценариото на филмот е базирано на драмскиот текст на Дејан Дуковски, кој е сценарист заедно со Поповски и со Ана Ласиќ од Србија. Директор на фотографијата е Дејан Димески, дизајнер на продукцијата е Свен Јонке, а композитор на музиката Кирил Џајковски. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Тапушковиќ-Шолак, а играат и Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге и Сашка Димитровска.

Извор: http://www.kultura.gov.mk
Започна снимањето на филмот „Балканот не е мртов“
Недела, 29 Мај 2011 00:00
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчера (28 мај 2011 г.) ја посети екипата која од 24 мај во две хали на Скопскиот саем, кои се адаптирани во студија, започна да го снима филмот „Балканот не е мртов“, по текст на Дејан Дуковски и во режија на Александар Поповски.
Канческа-Милевска, посакувајќи успешен филм, истакна дека се надева дека Република Македонија ќе добие уште едно филмско остварување кое ќе биде гордо прикажувано не само пред домашната публика, туку и пред светската јавност. Министерката за култура подвлече дека вложувањата во филмската дејност и натаму остануваат приоритет, а најави изградба на филмско студио кое значително ќе ја олесни работата на домашните и на странските филмски екипи кои во иднина ќе сакаат да снимаат во Република Македонија.
Приказната за љубовта меѓу Кемал Ататурк и Елени Каринте, која е позната во сценска форма, исто така во режија на Поповски и првпат изведена во МНТ во 2001, ќе биде филмувана во продукција на „Кино око“ од Македонија во партнерство со продуцентски куќи од Србија, Хрватска и Словенија.
Вкупниот буџет на филмот „Балканот не е мртов“ е 1.250.000 евра, од кои 47.820.000 денари (или 775.000 евра, односно 62 проценти) се обезбедени од буџетот на Министерството за култура.
Сценариото на филмот е базирано на драмскиот текст на Дејан Дуковски, кој е сценарист заедно со Поповски и со Ана Ласиќ од Србија. Директор на фотографијата е Дејан Димески, дизајнер на продукцијата е Свен Јонке, а композитор на музиката Кирил Џајковски. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Наташа Тапушковиќ-Шолак, а играат и Раде Шербеџија, Благој Веселинов, Никола Ацески, Ертан Шабан, Сузан Акбелге и Сашка Димитровска.