Мега концерт на Цеца Ражнатовиќ во Скопје29-04-2012
Мега концерт на Цеца Ражнатовиќ во Скопје
Метрополис Арена, Скопски саем

Најголемата фолк – дива на Балканските простори Светлана Цеца Ражнатовиќ доаѓа на голем концерт во Скопје, најавуваат од Мегатон продукција.
Концертот ќе се одржи на 31.05.2012 во Метрополис Арената, во рамки на актуелната турнеја на пејачката “Љубовта живее“, насловена по нејзиниот последен, четиринаесетти студиски албум.
Албумот веќе стана платиниумски, а песните кои се најдоа на него, очекувано веднаш прераснаа во балкански фолк хитови.
Поп фолк кралицата, турнејата ја започна овој месец , а судејќи по првите одржани концерти во Цирих, Виена, Љубљана и наскоро Дизелдорф, ова ќе биде исполнета и спектакуларна година за Цеца. Билетите за концертот на Светлана Цеца Ражнатовиќ ќе бидат пуштени во продажба од петок, 25. април и можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон Рекордс, Камарат Рамстор, Розе Веро 2, Супер Тобако - Лептокарија, Моби Клуб - Капиштец).
Првите 2000 влезници, чија продажба ќе биде и временски ограничена, чинат 500 денари, а потоа цената на билетите ќе биде 600 денари и 800 денари за последниот контингент влезници. Во продажба се и ВИП влезниците, кои чинат 1000 денари.
Нетпрес