ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   


main fair

Преглед


Без инвестициони трошоци.
Без трошоци за персонал.
Без правни компликации.
Единствена персонализирана услуга.


Ера Сити нуди закупување на Виртуална Канцеларија со цел фирмите да ги добијат сите канцелариски услуги, но со далеку помали трошоци.

Спремни сме да Ви ги овозможиме следните услуги со регистрација на Виртуелна Канцеларија, која ќе биде на нашата адреса на Скопски Саем и седиште на Вашиот бизнис преку користење на:

  • Рецепционер – секретарка (прием на повици и пораки, и нивно проследување во било кој дел на светот)
  • Е-пошта – примање, испраќање  и проследување на е-пошта
  • Примање и испраќање на пошта и пратки во било кој дел на светот
  • Број на факс – примање, испраќање и проследување на факс
  • Веб хостирање – закупување на веб простор преку нашата Виртуелна канцеларија
  • Простор за состаноци – користење на сала за состаноци во Управната зграда на Скопски саем

Услугата за закупување на Виртуелна Канцеларија е идеална за:

  • Странски компании, претставништва
  • Домашни компании
  • Амбасади, НВО организации, друштва
  • Физички лица кои имаат потреба од фирми за исполнување на административни потреби
  • Физички лица кои работат во домашни услови
  • Фирми кои започнуваат со бизнис

Нашата Виртуелна Канцеларија за Вас овозможува појдовна точка на контакт во Скопје за Вашите клиенти на престижна деловна адреса во центарот на Скопје, на која ги примаме, сортираме, испраќаме поштенските пратки за Вас и преку нашиот дигитален телефонски систем и рецепционер овозможуваме 24 часа непропуштени повици. Во име на Вашиот бизнис, на договорен начин ја примаме и препраќаме е-поштата и факсовите.

Вашата деловна адреса е Скопски Саем, ул.Беласица 2, 1000 Скопје.

Во денешно време нема потреба да се биде физички присутен во други земји за да Вашата компанија функционира на меѓународно ниво. Како единствен провајдер на технолошки напредните виртуелни канцеларии на македонскиот пазар, ние Ви нудиме иновативни можности.

Виртуелни канцеларии во Ера Сити:

  • единствена персонална услуга
  • присуство на компанијата на странските пазари
  • адреса на компанијата во центарот на Скопје
  • телефонски центар (услуги со виртуелна секретарка)
  • просториии за деловни состаноци
  • услуги за конгресен центар
  • високо-квалификувана експертска поддршка
  • заштеда - без физички канцеларии

Во светот на бизнисот, времето е од големо значење. Виртуелната канцеларија и гарантира на Вашата компанија конкурентна предност и брз одговор на бизнис потребите на Вашиот странски партнер.

 

Новости