ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   





Бесплатно предавање на тема: Зошто Merchandising во Вашите салони за мебел25-03-2013

 

Бесплатно предавање на тема:

Зошто Merchandising  во Вашите салони за мебел

 

Скопски саем, во соработка со Triple S Group, во рамките на Саемот за мебел 2013 организира бесплатно предавање за своите партнери и соработници.

Ако верувате дека MERCHANDISING-от може да Ви помогне да го унапредите Вашиот бизнис, придружете ни се на едночасовното предавање: „Зошто Merchandising  во Вашите салони за мебел?“

Предавач ќе биде г-динот Миљан Димитријевиќ, еден од консултантите на IKEA во Србија.

Предавањето ќе се одржи во Конгресниот Центар при Скопски Саем, на 29 март 2013 година (петок) со почеток во 10 часот.

 

Зошто да го посетите ова предавање?

Нашата стратегија е да инвестираме во знаење и поддршка на своите клиенти како би креирале услови за долгорочна соработка.

Со ова предавање сакаме да Ви овозможиме практична експертиза со чија примена би ги унапредиле Вашите вештини, би креирале повисок профит и би создале конкурентска предност.

Поради тоа, за наш партнер го одбравме Triple S Group, како реномирана компанија која постојано креира програми на актуелни теми со регионални експерти.

Искористете ја визуелната комуникација, дајте им живот на Вашите производи и помогнете му на купувачот да го пронајде производот кој му е потребен!

Зголемете ја продажбата преку организација и прилагодување на распоредот на мебелот на ограничениот простор во Вашиот изложбено продажен салон!

Потврдете го Вашето учество најдоцна до 27 март на 02/3112 048 или на [email protected].

 

 

Новости