Резултати од конкурсот „ПРИМЕНА НА ДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИ ПРОЕКТИРАЊЕ СОВРЕМЕН МЕБЕЛ“24-03-2010

РЕЗУЛТАТИ од одржаниот избор за награди на трудови за КОНКУРСОТ за дизајн на мебел „ПРИМЕНА НА ДРВНИ МАТЕРИЈАЛИ ПРИ ПРОЕКТИРАЊЕ СОВРЕМЕН МЕБЕЛ“,во рамките на саемската манифестација МЕБЕЛ 2010.
На конкурсот пристигнаа 37 трудови од 33 автори, од кои:
I категорија: професионални проектанти и дизајнери – 15.
II категорија: студенти – 18.
Стручната комисија во состав:
1. Проф.д-р Иванка Кировска (Архитектонски факултет Скопје)
2. Проф.д-р Нацко Симакоски (Шумарски факултет Скопје)
3. Доцент Владимир Каранаков, диа (Шумарски факултет Скопје), ги разгледа сите трудови и во двете категории и одлучи за следното:
• Награда во I категорија од 30.000 денари да се додели на авторите:
Константин Џукески & Јелена Путник, за дизајн на масата “TWIST”
• Награда во II категорија од 18.000 денари да се додели на авторот:
Филип Конески, за дизајн на столчето „КОЦКА“.
Критериуми според кои се раководеше комисијата:
- Дизајн
- Статика
- Изведливост
- Флексибилност
- Функционалност
- Приказна....