CISCO Институт за претприемништво19-04-2010


CISCO Институт за претприемништво
Базирајќи се на искуството на iEXEC едукативната програма развиена од страна на IBSG (Internet Business Solutions Group) и репутацијата на CISCO како лидер во користење на решенија базирани на интернет, CISCO го креира CISCO Институтот за претприемништво со цел да ги покрие празнините кои се јавува
ат кај индивидуалците, бизнис секторот и јавниот сектор за целосно учество во глобално поврзаната економија.
Локален институт на CISCO Институтот за претприемништво
По склучувањето на Договорот за соработка со CEED Macedonia (Локален тренинг центар на CISCO Entrepreneur Institute), ХУМАНОПОЛИС фондацијата за едукација и развој стана Локален институт на CISCO Entrepreneur Institute, со што се здоби со право да ја врши iEXEC обуката од програмата на CEI.
iEXEC Enterprise Essential
iEXEC Enterprise Essential e обука за лидерство и менаџмент брендирана од CISCO и развиена од IBSG (Internet Business Solutions Group) на CISCO. Делумно, оваа обука се базира на успешната програма на iEXEC на IBSG во Кина, Индија, Јапонија, Кореја и Сингапур. Дополнително, обуката беше ревидирана и ажурирана во 2007 од стана на IBSG, во партнерство со E-Learning Competence Center на Египет и Accenture Development Program, следејќи го развојот во Египет, Етиопија, Доминиканска Република, Полска, Саудиска Арабија и Србија.
iEXEC Enterprise Essential обуката е специјално дизајнирана за зајакнување на лидерите и менаџерите преку нивно опремување со знаења и вештини неопходни за да креираат трајни бизнис влијанија во нивните компании. Главната цел на оваа обука е да ја демонстрира вредноста на интернет-базираните и ИКТ решенијата на бизнисмените.
Обуката се состои од работа со инструктор, работа во мали групи, on-line учење и индивидуални проекти. Групните вежби, учењето по случаи и форумите за дискусии им помагаат на учесниците да ги применат стекнатите знаења од реалните ситуации.
Очекувани резултати
iEXEC Enterprise Essential е создадена за актуелните пазари и дизајнирана да им помогне на учесниците да ги преиспитаат нивните внатрешни и надворешни состојби, да ги идентификуваат и направат приоритети од можностите и да развијат бизнис случаи за поддршка на процесите на развој со користење на интернетот и ИТ технологиите.
* Важна напомена: iEXEC обуката ne се однесува само на ИТ секторот, туку на лидери и менаџери од сите области кои сакаат професионално да се надградат во анализа, стратешко планирање и раководење користејќи го компјутерот како алатка!
Целни групи
Има четири основни групи на учесници:
• Лидери и менаџери во големи компании одговорни за стратегија, планирање и оператива
• Администрација и менаџери во владините институции одговорни за стратегија, планирање и оператива
• Лидери и менаџери во невладините организации
• Локални системски интегратори и консултанти
Време за спроведување на курсот
Вкупно курсот трае 50 часа, од кои 35 се дискусии водени од инструктор, групни вежби и студии на случаи, додека 15 часови се предвидени за пополнување на on-line материјал на курсот.
Преглед на обуката
1. Стратешки императиви
1.1. Глобални трендиви и стратешки императиви
1.2. Еволуција во веб базиран бизнис
1.3. Базична ИТ инфраструктура
1.4. ИТ и нивното влијание врз организациите
1.5. Двигатели на пазарот и бизнисот
1.6. Надворешна интеграција и вредност на бизнисот
2. Менџмент стратегии
2.1. Основи на менаџмент стратегиите
2.2. Содржинска рамка за проценка на вредноста на бизнисот
2.3. Вмрежени Виртуели Организации
3. Организациона подготвеност
3.1. Вредност на организационата подготвеност
3.2. ИТ управување и планирање
3.3. Движење кон организациона подготвеност
3.4. Планирање на организационата подготвеност
3.5. Проценка на подготвеноста и планирање на развој
4. ИКТ решенија
4.1. Запознавање со интернет-базирани решенија
4.2. Испитување на решенија за оптимизирање на работната сила
4.3. Преглед на финансии
4.4. Преглед на човековите ресурси
4.5. Преглед на усовршување и развој
4.6. Решенија за соочување со потрошувачите и синџирот за набавки
5. Развој на стратегија
5.1. Анализа на ситуации и визионерство
6. Портфолио менаџмент
6.1. Преглед на портфолио менаџментот
6.2. Менаџмент на бизнис процеси
6.3. Менаџмент на проектен циклус
6.4. Менаџмент на промени и стратегии за прилагодување
7. Бизнис случај
7.1. Создавање на бизнис случај
7.2 Финансиски концепти
Повеќе
02/ 3218-472; 3218-474
www.humanopolis.mk