14-ти Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИEРА 201104-04-2011

14-ти Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИEРА 2011
Ве информираме дека 14-тиот по ред Меѓународен саем - ДЕНОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА 2011, ќе се одржи од 13.-15. април 2011 година. Во истиот период традиционално од 12.-17. април 2011 година ќе се одржи САЕМОТ НА КНИГАТА, најголема културна манифестација од ваков вид во Република Македонија.
Основна цел на манифестацијата Денови на образование и кариера 2011 е да им се овозможи на младите и другите заинтересирани, за кусо време да добијат точна и брза информација за интересите што ги имаат: од советување и ориентација, преку можностите за стручно усовршување и преквалификација, сé до информации за вработување и развој во кариерата.
Предноста е голема што на овој настан истовремено ќе бидат присутни национални и интернационални образовни установи како и агенции за вработување и бизнис компании кои нудат програми за преквалификација.
СКОПСКИ САЕМ/ Експо Медиа