ERA notifications

Would like to receive news on your е-mail?

Click here

Choose brands









   








СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ17-10-2011

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

17.10.2011

 

ТЕХНОМА 2011  - ЕКО ЕНЕРГЕТИКАТА СЕУШТЕ НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК


ГРУПНИ УЧЕСТВА НА 90 КОМПАНИИ ОД ИТАЛИЈА, СЛОВЕНИЈА И ГРЦИЈА

 

Најголемата и најпрестижната саемска манифестација во Р. Македонија, ТЕХНОМА 2011 ќе се одржува од 18.10. до 22.10.2011 година на Скопски саем. Оваа година ТЕХНОМА ја одбележуваат групните странски учества и тоа од република Италија, Словенија и Грција. Учеството на странски компании кое изнесува индикатор за позитивни наговестувања во доменот на странските инвестиции и атрактивноста на пазарот на Република Македонија.

Република Италија и оваа година се претставува со групно учество на мали и средни претпријатија (повеќе од 40 компании), во Хала 5, Скопки саем, преку дводневен настан наречен ЕкоБиз Експо кој ќе се одржува на 18 и 19 октомври за време на одржувањето на ТЕХНОМА 2011, во организација на ФДЛ Сервизи, од Бари , Италија, носители на АМИКО проектот. ЕкоБиз Експо е прилагоден на новите трендови и предлага програма која на изложувачите им овозможува да ги искористат сите можности кои ги нудат балканските пазари. Изложувачите ќе можат да ги илустрираат детално своите понуди, без изложување на машини или производи. Истите ќе учествуваат на технички работилници и ќе имаат можност да ги слушнат изложувањата на експертите од секторот, како и на владините претставници, а ќе имаат и можност директно да учествуваат во сите дискусии со цел да го валоризираат своето искуство и експертизата на својата компанија. Во рамките на претставувањето на италијанските компании, ќе се организираат и друштвени бизнис сесии, ќе се создаваат контакти и односи со претставници на институциите, ќе се иницираат планови, спогодби и договори. 

На саемската манифетација ТЕХНОМА 2011, Република Словенија се претставува со најголемо учество во последните неколку години, односно со учество на повеќе од 25 компании, организирани преку ЈАПТИ – Јавна агенција на Р. Словенија за поддршка на претприемништвото и странски инвестиции , и Занаетчиската Комора на Словенија како и индивидуално учество на словенечки компании. 

Свое групно учество имаат и 25 компании од соседна Грција кои се организирани преку TIF - Thessaloniki International Fair и поддржани од Стопанската Комора на Северна ГрцијаКомората на Мали и Средни претпријатија од Солун кои ќе се претстават во Метрополис Арена.

Зголемениот интерес на учесниците го исполнува сиот расположив изложбен простор на Скопски саем, со тоа што на ТЕХНОМА 2011 вкупниот број на претставени компании е 900 учесници од земјата и од странство, а се очекува саемот да го посетат повеќе од 48.000 посетители.

ТЕХНОМА 2011 ќе ја задржи практиката да биде професионална и иновативна саемска манифестација преку програмата што ќе се одвива во текот на сите саемски денови преку конференции, трибини и дебати на кои главна тема ќе биде искористувањето на ОИЕ, во соработка со релевантни институции и еминентни експерти. Посебно би се нагласила важноста на Тркалезната Маса која ќе се одржи првиот ден веднаш по отварањето на саемот во 12.30 часот во Конгресниот центар на Скопски саем, на тема Енергетски предизвици, актуелна состојба и банкарството, во организација на Агенцијата за енергетика на РМ, и Работилницата – “Можности и пречки при аплицирањето на успешни проекти на малите и средни претпријатија во областа на еко–енергетиката и во други техничко-технолошки производствени системи на ЕУ повици и тендери” која ќе се одржи на 20 октомври и ќе трае од 09.00 до 17.00 часот.

Настани

 
Click here for Calendar Legend
Skopje Fair Era Agrina
Era City Eko Energetika
Humanopolis
* If there are more events by different ERA companies during daytime, then the company that last updated the same day is taken as an icon for that particular day in the calendar

Новости

  • Технома 2011 19-10-2011 | Скопски саем

    Технома 2011

    Галерија слики од Технома 2011

  • Листи 19-10-2011 | Скопски саем

    Листи

    Изложувачи по хали