ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   








Вински фестивал 201114-11-2011

До: сите печатени и електронски медиуми


СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

15.11.2011

ПРВ ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СКОПСКИ САЕМ
НАЈСТАРАТА САЕМСКА МАНИФЕСТАЦИЈА - АГРОФУД НАПОЛНИ 61 ГОДИНА

Првиот ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ 2011, организиран од страна на Групацијата ЕРА - Скопски саем, заедно со најстарата саемска манифестација во Република Македонија - АГРОФУД 2011 ќе се одржат од 15. до 19.11.2011 година на Скопски саем. Организацијата на ВИНСКИОТ ФЕСТИВАЛ е со цел организација на квалитетен настан кој ќе ја промовира винската култура во Република Македонија, како и зголемување на семејството на вински ентузијасти и настан достоен за развој и негување на култот кон виното.

Винскиот фестивал е нов иновативен концепт со што на сите посетители и љубители на виното ќе им се приреди богато винско искуство со богата музичка програма. Винскиот фестивал ќе се одвива во Метрополис Арена од 20.00 до 23.00 часот, каде ќе присуствуваат винарски визби, производители на млечни и месни производи од Република Македонија и тоа автентично распоредени спред винската карта на Република Македонија.

Музичката програма на фестивалот се состои од имиња на домашната сцена како:
- Жаклина Стевковска и Мама Бенд, на 15.11.2011
- Day Off на 16.11.2011
- Нок Аут, на 17.11.2011
- Фолтин на 18.11.2011 и
- Тони Китановски и група Черкези на 19.11.2011
кои ќе се погрижат за доброто расположение во духот на виното.

Ефективниот спој на забавното со корисното посетителите ќе можат да го искусат и за време на работилницата што ќе се одвива за време на Винскиот фестивал на која ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот редослед во служење, основната поделба на храната по состав и примена, комбинирање на соодветно вино со јадење на основа на нутриционистички состав и органолептички карактеристики, професионално служење вино во ресторани, протокол во винскиот сервис, правилен начин на отворање и служење итн.

Оваа година на 61. Меѓународен саем за широка потрошувачка - АГРОФУД 2011 ќе се претстават изложувачи од различни сектори поврзани со производство и продажба на храна и пијалоци: земјоделска механизација, месна индустрија, производство и одгледување на риби, кондиторски производи млеко и млечна индустрија, конзервна индустрија и други индустрии поврзани со саемската манифестација: амбалажа, и транспорт. Меѓународниот саем за широка потрошувачка - Агрофуд и Винскиот фестивал се простираат на вкупна површина од 9.000 м2 од кои 8.000 м2 внатрешен простор (1., 2. и 3. изложбена хала) и 1.000 м2 надворешен простор на кој ќе се претстават компании со земјоделска механизација.

Се очекува саемската манифестација и да ја посетат околу 15.000 посетители кои ќе имаат можност за започнување и продолжување на интензивни соработки со изложувачите од претставените индустрии кои директно и индиректно, покрај од нашата, ќе се претстават од следните држави: Грција, Бугарија, Италија, Србија, Хрватска, Велика Британија, Словенија, Турција, Шведска, Франција, Јапонија, Португалија, Полска, Индија, Белорусија, Република Чешка, Кина, Тајван, Австрија.

Паралелно на Винскиот фестивал и Агрофуд 2011, во Хала 3 ќе се одвива манифестацијата ЕКО-ЕТНО МАКЕДОНИЈА - вкусот на традицијата на која дел од македонските општини ќе ги прикажат спецификите во однос на гастрономијата.

 • Програма на Еко-Етно Македонија
15. - 19.11.2011 (вторник - сабота), Хала 3 - Скопски саем

   • ЗАПОЗНАЈ ЈА РУРАЛНА МАКЕДОНИЈА - Фолклорна разгледница
     Промоција на локални традиционални манифестации
   • ЕТНО ПАЗАР - Етно работилница
     Обичаите и традицијата - различни, а исти (верските празници и обичаите од сите народности)
   • ЕКО ПАЗАР - Боите на есента
       - Еко училница „Зелена работилница"
       - Гастро сувенир
   • ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА - Презентација на традиционална кујна од регионот
      Промоција на потенцијални бренд производи
   • SLOW FOOD - младите и традицијата
    • МЛАДИНСКИ ЕТНО ДЕН - мрежа на млади фармери 
     Целодневни програмски активности
    • Работилници и тематски дебати

Во рамките на Меѓународниот саем за широка потрошувачка - АГРОФУД 2011 предвидена е програма богата со стручни предавања, бизнис форуми, дебати, работилници и билатерални средби. Форумот "Диверзификација, вмрежување и пристапот на ЛИДЕР програмата во руралните средини" и дебатата "Претпристапни фондови од Европска унија - ИПАРД - реални состојби, потешкотии и можни решенија за земјоделстовто во Република Македонија", кои ќе се одржат на 16. и 17.11. 2011, се најзначајните стручни настани во рамките на Агрофуд 2011.

Цената на билетот за посета на Агрофуд и винариите до 19.00 часот за сите денови изнесува 60 денари, додека цената на билетот за Винскиот фестивал по 19.00 часот ќе чини 120 денари, освен за вечерите на Нок Аут и Фолтин (150 ден.).

Спонзори на манифестацијата се Триглав осигурување АД, Пелистерка и Пан Експерт/АД Жито Леб Охрид. Партнери на манифестацијата се Стопанската комора на Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Групација ЕРА - Скопски саем

 

 

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости

  • А Г Р О Ф У Д 2011 15-11-2011 | Скопски саем

    А Г Р О Ф У Д 2011

    ИТФ - АГРОФУД 2011 / СПИСОК НА ИЗЛОЖУВАЧИ И ПРЕТСТАВУВАНИ БРЕНДОВИ