ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   








АГРОФУД 201115-11-2011

                                Meѓународен саем за широка потрошувачка - АГРОФУД 2011
                                                                               ЕКО-ЕТНО МАКЕДОНИЈА
                                                                            
(ХАЛА 3), 15. - 19.11.2011
                             Планирана содржина (програма) - која ќе се одвива под слоганот
                                                                    Живеј рурално - Делувај урбано


1. ИЗЛОЖБЕНО ПРЕЗЕНТАЦИСКИ ДЕЛ - ЗАПОЗНАЈ ЈА РУРАЛНА МАКЕДОНИЈА - комбинирана поставка со акцент на рурални карактеристики, во комбинација со традиционални етно елементи, при што се претставуваат:

- Општина Старо Нагоричане (со збратимени градови од Словенија, Србија и Бугарија), Кочани, Вевчани, Охрид, Дебарца, Битола со Пелагонискиот регион, Струга, Берово, ФФРМ, Факултетот за земјоделски науки и храна, Земјоделското училиште „Киро Бурназ" од Куманово, Училиштето за угостителство „Лазар Танев", 9-те конвивиуми на SLOW FOOD во Македонија, голем број занаетчии и ракотворци и сл.
2. TРАДИЦИОНАЛНА КУЛТУРА И ФОЛКЛОР:
- Куќа на традицијата - стари занаети, етно ревија
Етно работилница: обичаите и традицијата - различни, а исти (верски празници и обичаи од сите народности)
Етно пазар - продажен дел на занаетчиски и ракотворни производи
3. ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА - ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНА КУЈНА ОД РЕГИОНОТ (промоција на потенцијални бренд производи)
4. ЕКО-ПАЗАР - Боите на есента (продажба на здрава природна органска храна, домашни производи и сл.)

5. ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТИ:

- ЕКО УЧИЛНИЦА - ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА

(во соработка со децата од општина Нагоричане (мала популација, ученици од земјоделското училиште „Киро Бурназ" - Куманово и др.)
(производите, сувенирите, како и дел од производите од продажните штандови ќе се донираат во добротворни цели како поддршка на деца болни од аутизам (овие производи Здружението на деца болни од аутизам ќе ги продава на зимскиот базар во организација на жените на амбасадорите во Р.Македонија и г-ѓа Маја Иванова, сопруга на председателот на Република Македонија)

- АГРО-ТУРИСТИЧКО СТОПАНСТВО - перспективи во руралниот развој
- ЕДУЦИРАН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ - ЗГОЛЕМЕН ПРИХОД - УСПЕШЕН БИЗНИС!
- ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
- ГАСТРО СУВЕНИР (работилница)
- SLOW FOOD - здрава храна за здрави поколенија
- Младински етно ден
( Мрежа на млади фармери)
6. ПРОМОЦИЈА НА ЛОКАЛНИ ТРАДИЦИОНАЛНИ МАНИФЕСТАЦИИ:


- Денови на оризот - Кочани
- Нагоричане и пријателите
- Малешевијата на дланка- Берово
- Крушево - Етно град
- Вевчански карневал
- ПРАЗИЈАДА - Режановце
- Пастрмајлијада - Штип
- ЈУФКИЈАДА - Жени фармери
- Ѓомлезијада
- АЈВЕРИЈАДА
7. ДЕГУСТИРАМЕ - ОЦЕНУВАМЕ - НАГРАДУВАМЕ
(СТАРИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ЈАДЕЊА И ЗИМНИЦИ)

Во дел од саемската хала ќе има предвидено една сценографска поставка - импровизација на агро-туристичко стопанство, каде секој ден ќе биде посветен на одредени продукти и производи од традиционалната кујна со тој производ, ќе се реализира посебно програмски дел (натпреварувачки - „дегустираме-оценуваме-наградуваме*, во соработка со ФФРМ, „Млади фармери", „Жени фармери" и списанието „Моја земја".

Се планираат следните сезонски продукти:
- КОМПИР, ПРАЗ, КОСТЕН-ЈАБОЛКО-ТИКВА,ЗЕЛКА......

 

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости

  • А Г Р О Ф У Д 2011 15-11-2011 | Скопски саем

    А Г Р О Ф У Д 2011

    ИТФ - АГРОФУД 2011 / СПИСОК НА ИЗЛОЖУВАЧИ И ПРЕТСТАВУВАНИ БРЕНДОВИ