Скопје травел маркет 201203-04-2012

СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012
Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија. Туризмот како стопанска гранка неминовно се вклопува во трендовите на општествениот и друштвен живот на 21 век. Меѓународниот саем за туризам Скопје травел маркет со својот изложбен дел, пратечките актуелни стручни програми, како и забавни содржини за публиката е важен маркетиншки настан за презентација и промоција на актуелните туристички дестинации и услуги.
ЗОШТО СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012
- Единствена можност за промоција на туристичката понуда и нејзино насочување кон целните пазари
- Можност за презентација на домашната туристичка понуда
- Директни средби, контакти и преговори со постојните и потенцијални партнери и корисници на туристички аранжмани
- Работилници, B2B средби со туроператори и туристички агенции
- Запознавање со потребите и желбите на корисниците на туристички аранжмани
- Истражување на пазарот за идните маркетинг и други активности
ПРИДРУЖНИ МАНИФЕСТАЦИИ
- Бројни презентации и промоции на туристички дестинации
- Национални претставувања на земјите учеснички и промоција на нивната туристичката понуда
- Тематски трибини
- Стручни работилници
- B2B средби
- Промоции на книги од областа на туризмот
- Доделување на Grand prix за најдобра промоција и презентација на саемот
- Наградна игра за посетители - награден ваучер за саканата туристичка дестинација
Општи показатели за СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2011
- 12 000 посетители
- 60 директни изложувачи
- 130 индиректни изложувачи
Програма
Пријави