ЕРА известувања

Дали сакате да добивате известувања на вашата е-пошта?

Кликнете тука

Изберете ги брендовите за кои сакате да добивате известувања









   








Недела на читање, учење и патување 20-04-2012

До: сите печатени и електронски медиуми
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
20.04.2012
Недела на читање, учење и патување 

Три паралелни саеми во април: Саем на книгата, 
Денови на образование и кариера и Скопје Травел Mаркет

 

Од 24. до 29. април, 2012 година на Скопски саем ќе се одржат 3 паралелни саемски манифестации: Меѓународен саем на книгата, Денови на образование и кариера и Скопје Травел Mаркет. Граѓаните на Скопје и сите заинтересирани од земјата и надвор од неа ќе можат да ги проследат сите иновации во издаваштвото, сите потенцијални академски граѓани ќе можат одблизу да ги разгледаат можностите за високо образование, додека на меѓународниот саем за туризам – Скопје Травел Маркет ќе има национални претставувања, како и актуелни аранжмани. 
Овогодинешниот меѓународен саем на книгата ќе се одржува од 24. до 29. април 2012, во Хала 2 и Хала 3 на Скопски саем

На 24-тото издание на саемот за книгата, 5.000 квадратни метри ќе бидат исполенти со издавачи преку здружението на издавачи и книжари на Македонија, здружението на албански издавачи од Македонија, изданија на голем број домашни и странски автори преку издавачите и нивните застапници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Турција, Албанија, Италија, Велика Британија. Во Промотивниот центар во Хала 3 секојдневно ќе се одржуваат промоциите на автори и новите изданија. Во програмата се вклучени повеќе од 30 промоции.  Оваа година на Саемот на книгата зема учество Советништвото за култура и информации при Амбасадата на Република Турција во Скопје на која ќе се претстават повеќе турски изданија и автори. Исто така, под капата на Министерството за туризам, култура млади и спорт на Албанија учество на саемот ќе земат поголем број издавачи од Албанија. 

Скопски саем, втора година по ред саемот на книгата го промовира под мотото “Подари книга, подари богатство”, поддржувајќи ја токму книгата како најсоодветен подарок за сите пригоди: родендени, имендени, јубилеии, празници. Со помасовно подарување книга, сите засегнати страни во процесот на подарување  добиваат: оној што подарува - подарува вредна работа, оној што го добива подарокот - добива нешто што останува, нешто што облагородува, а издавачката дејност опстојува...


Од 25 до 28 април ќе се одржи 15-та по ред саемска манифестација - Денови на образование и кариера каде сите идни и сегашни академски граѓани ќе можат одблизу да ги погледнат образовните програми на високообразовните институции од земјата и регионот. На 2000 м2 во Хала 4, на Скопски саем ќе биде презентирана целокупната понуда на високото образование во однос на додипломски и последипломски студии. Оваа година на саемот ќе се претстават 45 универзитети со повеќе од 170 факултети од 12 земји, и тоа: Република Македонија, Грција, Унгарија, Италија, Словенија, Канада и Велика Британија, Чешка, Бугарија, Турција, Хрватска, Данска.Половина од директните учесници се странски високообразовни институции, што укажува на важноста на оваа манифестација од интернационален карактер. 
Скопски саем, како организатор и Образовниот информативен центар ќе им овозможат ексклузивна можност на посетителите во панел салите во Хала 4, каде универзитетите ќе можат да ги презентираат своите образовни програми.



Во периодот од 24. до 28.04.2012 година ќе се одржи 2. Меѓународен саем за туризам СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012.

Свој изложбен простор на саемот ќе има и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија со проектот ''Истражи ја Македонија'' преку која ќе се доловат стратешките точки на Македонија како туристичка атракција, сѐ со цел поцврсто да ја воспостави својата позиција на мапата на можни туристички дестинации.

Земја-партнер на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012 е Република Бугарија преку која ќе се претстават познати туристички региони од областа на зимскиот и летниот туризам, спа и велнес центри, национална храна и вино, како и други културни вредности и природни убавини на Република Бугарија. Покрај Бугарија, своите туристички капацитети ќе ги претстават Србија, Словенија и Турција преку националните туристички организации, како и град Загреб-Хрватска,  Херцег Нови-Црна Гора, Врањска Бања-Србија.

Партнер на саемот е Стопанската комора за туризам на Македонија, преку која учествуваат туристичките агенции и неколку хотели. 40- тина агенции и 14 хотели од  Република Македонија ќе ги нудат и продаваат своите туристички аранжмани за претстојната летна сезона 2012 по најповолни услови-Last minute offer .Исто така за посетителите ќе бидат организатори и многу наградни игри.На саемот ќе учествуваат и 3 општини Охрид, Струга и Вевчани, како и Североисточниот плански регион.

Стопанската комора за туризам е организатор и на Конференцијата за туризам посветена на рецептивниот туризам со наслов “Основни фактори за развој на рецептивниот туризам”. Конференцијата ќе се одржи на 25.04.2012, во 12:00 часот во Бизнис салата на Конгресниот центар на Скопски саем.

Преку атрактивни штандови ќе се претстават и пештерата Врело Матка, Занаетчиската комора на Македонија, Словенечко-македонскиот бизнис клуб, Македонска развојна фондација на претпријатија со седиште во Приштина, тур оператори, казиното Фламинго, Наутика-компанија која е увозник на  најнови модели на пловни објекти: скутери, јахти и наутичка опрема, како и други компании со услуги и производи за туристичката индустрија.Во рамките на саемот, на 24. и 25.04 , во халата на поставена сцена ќе се одржи Државното првенство на бармени на Македонија, кое ќе биде од отворен карактер и ќе може да го проследат посетителите на саемот.

Групација ЕРА – Скопски саем

Настани

 
Кликнете тука за легенда на календарот
Скопски саем Ера Агрина
Ера сити Еко енергетика
Хуманополис
*Доколку во текот на денот има повеќе настани од различни ЕРА фирми, тогаш како икона за тој ден во календарот се зема фирмата која е последно ажурирана во тој ден.

Новости

  • Програма 20-04-2012 | Скопски саем

    Програма

    Меѓународен саем за туризам Скопје травел маркет 2012

  • Скопје травел маркет 2012 03-04-2012 | Скопски саем

    Скопје травел маркет 2012

    СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2012

    Саемите се единствена можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на